Регион
ЕУ: Новата црногорска влада да ја врати политичката, но и институционалната доверба

Европската Унија го поздрави формирањето на новата влада во Црна Гора и изрази очекување дека тоа ќе ја врати политичката, но и институционалната доверба што ѝ е потребна на земјата.
Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, рече дека Унијата со нетрпение очекува „да работи со сите политички актери и институции во спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ, во конструктивен дух и во согласност со огромните очекувања на црногорските граѓани за напредок во процесот на пристапување во ЕУ“.
„Многу го цениме доследниот резултат на Црна Гора за 100 % усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и среќни сме што Црна Гора ќе продолжи да стои на истата страна со ЕУ“, рече Писонеро за RTCG.
Брисел исто така ја поздравува најавата дека стратешкиот приоритет на новата влада е забрзување на преговорите за пристапување на земјата во ЕУ преку зајакнување на владеењето на правото и спроведување на економските реформи, со фокус на борбата против корупцијата, поодржлив економски развој и заштита на животната средина.
„Ја охрабруваме Црна Гора да го извлече максимумот од Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан. „ЕУ ќе продолжи да стои на страна на Црна Гора и да ја поддржува во овој потфат“, заклучи Писонеро.
Формирањето на новата влада на „Твитер“ го поздрави и амбасадорката на ЕУ во Црна Гора, Оана Кристина Попа.
„Очекуваме да работиме со сите политички актери и институции за да постигнеме напредок во европските реформи, во конструктивен дух и во согласност со огромните очекувања на црногорските граѓани да напредуваат во процесот на пристапување во ЕУ. „Многу ја цениме доследноста на Црна Гора во 100 % усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и се радуваме на фактот дека Црна Гора ќе продолжи да стои на иста страна со ЕУ“, рече Попа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.
Регион
70-годишен маж почина во Хрватска: бил силуван и претепан од 36-годишник

Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож.
И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден отишол да го пријави злосторството во полиција, и повторно бил однесенво болница. Сепак, тој бил отпуштен по втор пат бидејќи лекарите процениле дека нема потреба да го задржат.
Семејството е огорчено од начинот на кој болницата постапила во случајот, истакнувајќи дека човекот бил во сериозна состојба и двапати бил отпуштен дома и покрај сериозните повреди на главата.
На крајот бил хоспитализиран во болница, каде што ги поминал последните денови од својот живот, пишуваат тамошните медиуми.
Напаѓачот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата, бил уапсен кратко време по инцидентот. Тој е обвинет за силување и грабеж.
Канцеларијата на државниот обвинител на округот Вараждин, исто така, се огласи за случајот. Портпаролот Дарко Галиќ потврди дека истрагата е сè уште во тек.
„Со оглед на смртта на жртвата, ова повеќе не е кривично дело обид за убиство, туку убиство. Обвинетиот е во притвор. Истрагата ќе ги опфати потребните вештачења и други доказни дејствија, врз основа на кои ќе се донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, рече Галиќ.