Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Видовме како Ковачевски се радувал на Скопје 2014, а сега го тераат да зборува против
„Ковачевски не само што е нелегитимен премиер, туку покажа дека е човек без интегритет кој прави и говори тоа што ќе му кажат неговите политички ментори.
Во тоа јавноста се увери по објавеното видео во кое се гледа дека Ковачевски иако не бил никогаш член на ВМРО-ДПМНЕ, бил најрадосен и во првите редови на отворање на проектите од проектот Скопје 2014, истиот проект за кој сега е принуден да зборува против.
Ковачевски сега може да зборува против колку сака против и да чита текстови напишани од неговите ментори, но видеото јасно покажува дека е еден од најсреќните ликови кој аплаудира на отворањето на објектите од проектот Скопје 2014.
Тука не само што се покажува лицемерието, туку се покажува и дека Ковачевски нема храброст пред своите ментори да каже што му се допаѓа, нема храброст да даде лично мислење, туку е принуден во јавноста да го изнесе тоа што ќе му наредат.
Повеќе од очигледно е дека и партијата и владата ја водат истите лица кои него го наместија како марионета и фигура да глуми дека е претседател на партијата, односно премиер на државата. Тоа можеби е добро за неговата партија или за неговите ментори, но е штетно за државата.
Затоа и националната катастрофа која ја приреди СДСМ на Македонија и македонските граѓани станува уште потешка. Се распродаваат националните интереси, а граѓаните од ден на ден тонат во сиромаштија со се поголеми давачки за основни потреби.
Во Македонија никогаш не било полошо, а човек како Ковачевски кој нема интегритет, а уште помалку легитимитет, нема способност да најде решение за кризата.
Токму затоа на Македонија и се потребни промени. Затоа Ковачевски треба да се охрабри и да прифати предвремени парламентарни избори. Тоа ќе му биде најдоброто нешто што може да го направи за државата. Затоа што со само предвремени парламентарни избори државата ќе може да ја избавиме од кризите и катастрофата во кои не втурна СДСМ“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ – Месаровиќ: Заедничка цел стабилен и економски поврзан регион
Заменик-претседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска во Белград оствари работна средба со потпретседателката на Владата и министерка за економија на Р Србија, Адријана Месаровиќ.
На средбата се разговараше за повеќе теми, имајќи го предвид заедничкиот интерес на двете земји за натамошно унапредување и продлабочување на економската соработка, поттикнување на заеднички инвестициони проекти, како и за заеднички настап на трети пазари, во пресрет на македонско-српскиот бизнис форум кој ќе се одржи во Скопје на 3 декември.
„Бидејќи наша заедничка цел е интензивирање на економската соработка и зголемување на надворешнотрговската размена, денеска остварив мошне конструктивен состанок со потпретседателката на Владата на Р Србија, г-ѓа Адријана Месаровиќ. Бројките веќе покажуваат дека оваа година, и покрај сите предизвици, економската размена ќе биде поголема од минатата, имајќи предвид дека за првите девет месеци е остварена размена од повеќе од 1,1 милијарда евра, додека во 2024 година таа изнесуваше 1,4 милијарда евра“, истакна по средбата Стоилковиќ.
Тој додаде дека посетата претставува уште една потврда на континуираниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, насочени кон стабилен, економски поврзан и европски ориентиран регион на Западен Балкан.
„Стопанствениците бараат соработка и нашата цел е да излеземе во пресрет на нивните барања и дополнително да ги поврземе. Со поддршка на претседателот на Владата на РС Македонија, г. Христијан Мицкоски, на 3 декември во Скопје ќе организираме голем Бизнис форум на кој ќе разговараме за понатамошно унапредување на соработката, пласман на македонските и српските производи на пазарите на двете држави, за што постојат сериозни потенцијали. Владата на Христијан Мицкоски води одговорна политика која носи конкретни резултати – стабилен економски раст, отворање на нови пазари и зајакнување на регионалната стабилност и поврзаност. Благодарение на таквите политики, нашите стопанственици ќе имаат сè повеќе можности за пласман на своите производи и услуги на други пазари“, изјави Стоилковиќ.
Средбата потврди дека меѓусебната соработка меѓу РС Македонија и Р Србија продолжува да се развива во духот на партнерство, доверба и заеднички интереси на економскиот и регионалниот план.
Македонија
Утре ведро и студено претпладне, преку денот сончево
Времето утре, наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во наредните денови Сседува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Дел од корисниците на Центар утре без вода
Дел од корисниците на Центар, поради дефект, утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 13.11.2025 година, четврток, поради уличен дефект на ул. 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица,вклучително и објектот на Амбасадата на Италија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)“, информира РЦУК.

