Македонија
Ковачевски и лидерите од регионот на церемонија за терминалот за течен природен гас во Александруполи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на свечената церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи.
Покрај македонскиот премиер, на церемонијата ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, премиерот на Бугарија Кирил Петков и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.
Изградбата на новиот пловечки терминал за ЛНГ ќе го подобри снабдувањето со гас и инфраструктурата во целиот регион на Југоисточна Европа, се вели во соопштението на Европскиот совет. Од Брисел напоменуваат и дека изградбата на тој терминал ќе ѝ помогне на Европската Унија што поскоро да ја намали зависноста од рускиот гас. Проектот ќе обезбеди нови извори и правци за снабдување со природен гас и ќе ја подобри безбедноста на снабдувањето во Грција, Бугарија и другите земји во регионот, соопшти Европскиот совет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.