Македонија
(Видео) Арсовски: Ниту Ковачевски е шеф на државата, ниту СДСМ е државотворна партија
И денес СДСМ продолжува громогласно да молчи за партиската забава на ДУИ во Липково на која беше свечено отворен споменик на УЧК. Втор ден оваа во наводници моќна и државотворна партија, како што сака самата да се прикаже, собира храброст, размислува и премерува како и дали да реагира, а притоа да не го налути својот коалициски партнер ДУИ во врска со вчерашниот настан во Липково. Втор ден, анализирајќи како да постапат, од СДСМ не сакајќи ја испратија најсилната порака до граѓаните на оваа земја, изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Арсовски додаде дека ниту Ковачевски е премиер на оваа држава, а ниту СДСМ е стожерната партија во Владата. Настанот во Липково е уште еден во низата докази дека вистинската титула за Ковачевски е „изведувачот на работите“, бидејќи повеќе од очигледно е дека Али Ахмети е вистинскиот премиер на Република Македонија.
Истиот Димитар Ковачевски, кој себеси се замислува за премиер, учествувајќи на сите коктели, службени вечери и гала настани, со насмевка аплаудирајќи, гордо стави печат на легитимитет на проектот Скопје 2014, денес внимавајте со громогласен молк храбро ја верификува приватната забава во Липково организирана од неговите наредбодавци и шефови во ДУИ.
Арсовски истакна дена во првите 100 дена по избор на Ковачевски за премиер на површина излезе слабиот човечки материјал од којшто е направена оваа личност којашто се вика Димитар Ковачевски, којшто сите знаеме дека случајно залута во врвот на македонска политика, ниту замислувал, ниту па сакал да биде на оваа позиција. Ковачевски го започна мандатот со крајната лична сервилност и подреденост кон понижувањата што доаѓаат на адреса на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија од страна на соседна Бугарија, а кои кулминираа со срамниот чин на отворање на културниот центар ‘Ванчо Михајлов’ во Битола, а гледаме, не очекувавме ништо поинаку дека ги завршува првите 100 дена владеење повторно со лична сервилност и повторно со нова подреденост кон ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ со сите инструменти што ги има на располагање ќе продолжи од оваа позиција да придонесува Македонија да чекори напред и да го понуди најдоброто што го има. Подадената рака од наша страна кон Димитар Ковачевски е затоа што сме уверени дека времињата се драматични, а грешките коишто се случуваат и ги прават може да бидат ненадоместливи. Очекуваме одговор во врска со нашата понуда бидејќи знаеме дека влогот е Република Македонија! Тој е претседател на владата на оваа држава и народот и сите останати очекува мудри одлуки. Не очекуваат да молчи, не очекуваат да се крие како што тоа го прави изминатите 100 дена“, изјави Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

