Свет
Русите објавија видео: Уништивме американско оружје на аеродромот кај Одеса

Русија со проектили го погоди воениот аеродром во близина на украинскиот југозападен град Одеса, уништувајќи беспилотни летала, проектили и муниција испорачани на Украина од САД и европските сојузници, соопшти руското Министерство за одбрана.
„Високопрецизни ракети ‘Оникс’ ги погодија логистичките центри на воениот аеродром во регионот на Одеса преку кои се доставува оружје од странство“, соопшти Министерството за одбрана.
„Уништени се хангарите во кои се наоѓаа беспилотните летала ‘Бајрактар ТБ2’, проектили и муниција од САД и европските земји“, се вели во соопштението.
Руските ракети и артилерија исто така погодија различни воени цели низ Украина, вклучително командни центри, арсенали и противвоздушни ракетни системи С-300, се додава.
Гувернерот на Одеса, Максим Марченко, изјави дека ракетниот напад на пристаништето на Црното Море се случил синоќа, а во нападот има мртви и ранети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.