Македонија
Груби и шефот на американската мисија разговараа за Коридорот 8 и спорот со Бугарија
Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска оствари средба со вршителот на должноста шеф на американската мисија, Ерик Мејер. На оваа средба Груби и Мејер разговараа за проектот Коридорот 8 и 10Д, како и за најновите случувања во насока на почетокот на работата на овој проект.
Дискусијата за важноста на овие проекти не само за земјата туку и за целиот регион направи целата Влада да се посвети за нивна брза и квалитетна реализација. Процесот е веќе пред избор на консултант за финансиската трансакција и се очекува во следните неколку дена изборот да биде завршен и да продолжи понатаму.
Управниот комитет на Владата формираше 3 тима со конкретни задачи за експропријација, преговори и реализација на проектот, додека консултантот за финансиска трансакција и надзор ќе треба да преговара со Бехтел Енка и во рок од 21 ден да склучи договор кој потоа ќе биде испратен прво до Комитетот, а потоа до Владата за потврда.
Очекуваме во текот на оваа лето да почне изградбата и да се постави камен-темелникот, истакна на оваа средба првиот вицепремиер Груби.
Двајцата соговорници разговараа и за политичката состојба во земјата и регионот, како и за спорот со Бугарија, за изнаоѓањето решение за давање зелено светло и одржување на првата меѓу владина конференција.
Груби уште еднаш му ја пренесе пораката на Мејер, му кажа дека европската интеграција е од големо значење за Република Северна Македонија поради околностите во кои се наоѓа целиот свет во моментов.
Исто така на оваа средба Груби ги поздрави посетите на високите американски претставници како една голема поддршка за нашата земја на патот кон големото европско семејство и воспоставувањето стратешкиот дијалог на нашата земја со Соединетите Американски Држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

