Забава
(Видео) Фустанот на Мерлин Монро што го носeше Ким вреди 5 милиони долари
Фустанот што го носеше Ким Кардашијан на овогодишната „Мет гала“ вреди 4,8 милиони долари и се смета за најскап фустан продаден на аукција.
Фустанот го дизајнирал Жан Луис во далечната 1962 година, а Мерлин Монро го облече на прославата на 45. роденден на американскиот претседател Џон Кенеди. Култниот фустан во боја на кожа со повеќе од 2.500 рачно вшиени кристали беше купен на аукција во 2016 година од синџирот музеи Ripley’s Believe It or Not, за речиси 5 милиони долари.
Фустанот првично чинел 12.000 долари и, наводно, бил толку тесен што рабовите биле шиени на самата холивудска икона, па не е изненадување што Ким била подложена на ригорозна диета за да „влезе“ во него.
Таблоидите пренесуваат дека Ким ослабела седум килограми за само три недели.
„Фустанот го носеше Мерлин Монро кога му пееше „Среќен роденден“ на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1962 година. Го пробав и не ми беше точен, беше претесен. Им реков да ми дадат три недели и дека ќе ослабам седум килограми. Тоа беше голем предизвик за мене“, им рече реалити-ѕвездата на дописниците на „Вараети“ на црвениот тепих на гламурозниот настан „Мет гала“ во понеделникот.
„Бев решена да се вклопам во него и не јадев шеќер и јаглехидрати 21 ден. Редовно имав зеленчук и протеини на менито. Не гладував, но бев на строга диета. И така, успеав“, додаде таа. Според „Вог“, Кардашијан дошла на идеја да го носи фустанот во текот на минатогодишната „Мет гала“.
„Монро е една од најамериканските работи кои можете да ги замислите“, изјави Ким.
„Идејата ми дојде на минатата Мет гала. Си помислив, што би направила за американска тема а да не изгледа на Баленсијага? Која е најамериканската работа што можете да ја смислите? Тоа е Мерлин Монро. За мене најголем момент е Мерлин Монро кога пее Happy Birthday.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Мидлтон направи нова фотографија, има добра причина за тоа
Кенсингтонската палата објави нова слика од принцезата Шарлот за да го прослави нејзиниот деветти роденден.
„Среќен 9-ти роденден принцеза Шарлот! Ви благодариме за сите љубезни пораки денес“, пишува во описот покрај фотографијата објавена на социјалните мрежи.
Happy 9th Birthday, Princess Charlotte! 🎂
Thank you for all of the kind messages today.
📸 The Princess of Wales pic.twitter.com/2DSDiuO93c
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) May 2, 2024
Како што е наведено, фотографијата ја направила принцезата од Велс.
Пред нешто повеќе од една недела на социјалните мрежи беше објавена нова фотографија и од нејзиниот помлад брат, принцот Луис.
Фотографијата, исто така направена од принцезата Кејт, беше споделена на 23 април за да го одбележи шестиот роденден на младиот член на кралското семејство.
Најстарото дете на Вилијам и Кејт, принцот Џорџ, ќе наполни 11 години на 22 јули.
Забава
Празнично ретро шоу на автомобили-олдтајмери на Градскиот плоштад во Крива Паланка
Градскиот плоштад во Крива Паланка, во сабота (4 мај), ќе биде возбудливо место на празнично Меѓународно ретро шоу на автомобили-олтајмери од Македонија и соседството, кои ќе бидат изложени за јавноста од 11,00 – 13,30 часот.
Љубителите на старите атрактивни автомобили ќе можат да уживаат во овој ретро авто-собир и ревијата на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години, од моделите на Мерцедес, Опел , Шевролет и други.
Ретро шоуто на олдтајмери го организира Општина Крива Паланка, во соработка со Клубот “Олдтајмер Витези” од Куманово, а учесници се повеќе олдтајмер клубови од нашата држава и од Србија.
Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место во Куманово и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан „Облаче“ каде сите автомобили ќе бидат нумерирани и обележани со симболите на „Крива Паланка-Град на културата“. Возилата ќе продефилираат низ централното градско подрачје до Градскиот плоштад каде ќе бидат изложени и поставени нивните обележја.
Настанот ќе биде збогатен со настап на ДЏ Буѓо, а сите граѓани ќе можат одблиску да се запознаат со ретките примероци на олдтајмери, нивната приказна и историја, па дури и да си обезбедат специјално возење со овие стилски антиквитети на четири тркала.
Во 13,30 часот, олтајмерите ќе се упатат кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде ќе бидат изложени на паркингот над црквата.
Ретро шоуто на олтајмери за првпат се организира во нашата општина , а е дел од манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата 2024“.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.