Македонија
Грковска – Григорјан: Ја продлабочуваме соработката со УНДП

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска одржа работна средба со Армен Григорјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Северна Македонија.
На средбата стана збор за соработката со УНДП и нивната експертиза во областа на дигитализацијата и антикорупциските политики, како и идни заеднички активности кои се однесуваат на младите во државата.
Заменик-претседателката на Владата Грковска се заблагодари за помошта и поддршката што во континуитет ја дава УНДП, во реализација на бројни проекти насочени кон подобрување на квалитетот на живот и поддршка во исполнувањето на стратешките цели на државата. Таа нагласи дека од големо значење е експертската помош и размената на искуства во делот на дигитализација на јавните услуги, но и во креирањето политики кои ќе понудат долгорочни и одржливи системски решенија, со посебен акцент на младите.
Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации Армен Григорјан изрази задоволство од презентираните активности од работата на Кабинетот за спроведување политики за добро владеење во изминатите 100 дена од мандатот, при што предложи почести состаноци помеѓу претставници на УНДП и Кабинетот, во насока на реализирање на заедничките активности. Григорјан изрази подготвеност соработката да продолжи во сите приоритетни области.
На средбата беше разговарано и за севкупните активности на УНДП во нашата држава во повеќе области, вклучувајќи го демократското управување, младите, дигитализација на услугите на општинско ниво, но и дигитализација на процесите за работа во неколку државни институции кои се реализираат со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).