Македонија
Мицкоски најави блокада на Собранието, бара предвремени избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета во општина Карбинци ги коментираше вчерашните најави за активен бојкот на Собранието доколку власта нема слух за барањата на опозицијата, како и изјавите од страна на СДСМ по однос на тие најави.
Мицкоски рече дека СДСМ со таа изјава практично признава дека Македонија е во криза, а во оваа криза, тие наместо да се обратат на најголемата политичка партија со најголемата пратеничка група и најголем број градоначалници и советници, тие одлучиле да молчат.
– Два месеца буквално ги молевме и секој наш чекор е реакција на нивната акција. Јас на самата прес-конференција кога го најавив ова кажав дека за сè понатаму единствената одговорност ќе биде врз Ковачевски и СДСМ. Ако некој за тоа не е свесен, еве уште еднаш ја користам оваа можност да ја потенцирам нашата сериозност.
Ќе повторам, ова нема да трае еден, два, три или пет дена, ова ќе трае со недели, а можеби и со месеци сè додека оваа влада конечно не се вразуми, не седне да разговара со опозицијата и не организираме предвремени парламентарни избори – рече Мицкоски.
Во однос на изјавите од страна СДСМ дека не е потребно во време на криза да се организираат избори, Мицкоски праша дали било домаќински да се закажуваат локални избори во Центар Жупа и Маврово Ростуше без консултација со опозицијата, ако знаеле дека тие нема да успеат, како што впрочем и не успеале?
– За кои домаќини зборуваме, за оние кои се наполнија со пари на криминален начин на грбот на народот? За тие домаќини зборуваме? Тие се сè само не се домаќини, тие се расипници, но не на своите пари, туку на парите и на маката на граѓаните. А дали треба да се организираат избори – избори треба да се организираат час поскоро за да излеземе од оваа криза. Денеска Европа се подготвува за есента и зимата, веќе е мај месец и за четири месеци ќе ни дојде есента, а за шест месеци од денеска и зимата, дали вие слушнавте некој од владава денеска да каже дали и што презема за тоа што ќе нè очекува за четири месеци од денеска? Еве јас ќе ви кажам, не можете да слушнете затоа што овие луѓе немаат капацитет. Нивниот капацитет е само да обезбедат што поголема моќ за себе и што повеќе тендери во четири очи, сето останато е оставено народот сам да се снаоѓа кој како умее. Е тоа, ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и партија од народот и ќе дадеме сè од себе на овој народот да му помогнеме, а така ќе ѝ помогнеме и на Македонија – додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

