Економија
Санел Кустурица – нов претседател на управниот одбор на Шпаркасе банка АД Скопје
На челната позиција на Шпаркасе банка од 1.5.2022 година застанува Санел Кустурица, досегашен заменик-претседател на Управниот одбор на Банката. Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател на Управниот одбор Глигор Бишев, кој по девет години успешно менаџирање со банката го искористи правото за заминување во пензија.
Санел Кустурица е човекот што ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици, во согласност со одлуката за негово именување за претседател на Управниот одбор, донесена од Надзорниот одбор на Банката.
Новиот претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка АД Скопје има 23-годишно искуство во банкарскиот сектор, извршувајќи одговорни функции на различни позиции во повеќе банкарски институции на пазарот во Босна и Херцеговина: Микро ентерпрајз банка, Прокредит банка, Уни кредит Загребачка банка, ХВБ-Централ Профит банка, Уни кредит банка, како и Шпаркасе банка АД БиХ.
Г. Кустурица од јуни 2009 година е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе групацијата и истата година е именуван за претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка АД БиХ, извршувајќи ја оваа функција до почетокот на 2021 година. Под водство на Санел Кустурица, Шпаркасе банка АД БиХ со својата активна кредитна политика и силен продажен пристап се позиционираше меѓу најбрзо растечките и најстабилните банки на пазарот во Босна и Херцеговина.
На почетокот на 2021 година Санел Кустурица доаѓа во Македонија на позицијата член на Управниот одбор на Шпаркасе банка АД Скопје, а веднаш по завршувањето на проектот за интеграција и присоединувањето со Охридска банка се назначува за заменик-претседател на Управниот одбор на Банката, надлежен за активности поврзани со работењето со население, маркетинг и развој на производи.
„Верувам во силата на нашиот извонреден тим и во моќта заедно да ги менуваме работите. Разбирањето на потребите на клиентите и нивното задоволување на најдобар и најефикасен начин продолжува да биде инспирацијата за нашето делување. Преку разновидна понуда на иновативни производи, непосредна комуникација и постојано учество во проектите на заедницата, ќе се трудиме да бидеме различна и модерна банка, прв избор на финансиски партнер за сите потреби на нашите клиенти. Континуираниот развој и фокус кон резултатите, одличната тимска работа, инвестирањето во дигитализација и постојаното усовршување на процесите во Банката, заедно со континуираната, безрезервна поддршка од страна на нашите сопственици, верувам дека се нашите силни адути и успехот ќе биде неизбежен“, вели Санел Кустурица.
Богатото професионално искуство на г. Кустурица е поддржано и од исклучителното формално образование и магистерска диплома од областа на бизнис-администрација и меѓународна економија на Универзитетот во Делавер, Соединетите Американски Држави.
Шпаркасе банка АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе групацијата, која бележи над два века постоење на финансискиот пазар во Р Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ФЕРОИНВЕСТ ги отвора своите електрани: Инвеститорите поканети да се уверат како изгледа функционален батериски систем
Со зголемениот интерес за батериски системи кај фотонапонските електрани, сè почесто се појавуваат сериозни проблеми поврзани со нивната имплементација. Дел од инвеститорите купуваат батериски системи кои воопшто не можат да се инсталираат бидејќи не се соодветни за македонскиот пазар и мрежа, додека во други случаи батериите се инсталираат, но поради недостаток на искуство и несоодветна опрема за програмирање на истите, тие никогаш не се пуштаат во комерцијална работа.
Тоа значи дека наместо батерискиот систем да носи поголеми приходи и заштеди, тој прави загуби.
Батерискиот систем не е обична батерија ниту опрема што може лесно да се приклучи. За разлика од фотонапонските електрани кои се релативно едноставни во својата имплементација и работа, батериските системи се сложен енергетски објект кој мора правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, и да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА СЕ РАБОТИ СО ИСКУСЕН ПАРТНЕР?
ФЕРОИНВЕСТ нуди два типа проверени батериски системи:
· Кабинетски батерии
· Контејнерски батериски системи
Овие системи: ✔ со години совршено функционираат во Европа, со вкупен инсталиран капацитет од над 3.000 MWh.
✔ совршено функционираат и во Македонија, со вкупен инсталиран капацитет над 20MWh.
РЕАЛНИ, ФУНКЦИОНАЛНИ ПРИМЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА
За разлика од многу теоретски решенија, батериските системи на ФЕРОИНВЕСТ се реално поставени, поврзани на мрежа, стекнати со сите дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијална експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

Дел од електраните на кои ФЕРОИНВЕСТ има поставено батериски систем кој веќе функционира се:
📍 Фотонапонска електрана Гиновци – 6,1 MWh/2,6MW, о. Ранковце, Крива Паланка
📍 Фотонапонска електрана Тркање – 10,5MWh/4,5MW, Кочани
Ги покануваме сите заинтересирани инвеститори лично да ги посетат локациите и од прва рака да се уверат во функционалноста, стабилноста и ефектите од правилно имплементиран батериски систем.
КОМПЛЕТНА УСЛУГА – ОД ИДЕЈА ДО ПРИХОДИ
ФЕРОИНВЕСТ нуди целосно заокружено решение, кое опфаќа:
· изработка на бизнис план (физибилити студија) за финансирање
· проектирање на батерискиот систем
· испорака на батерискиот систем и негово поставување на терен
· пуштање на батеријата во работа
· програмирање на батеријата и оптимизација на приходите и заштедите
· 24/7 мониторинг на батерискиот систем
· одржување на батерискиот систем
· приклучување во нашата балансна група
· откуп и пласман на произведената и складираната електрична енергија
ПОРАКА ДО ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ако сакате батериски систем што навистина ќе работи, што носи техничка и финансиска сигурност, и оптимален поврат на инвестицијата –ФЕРОИНВЕСТ има реални проекти, реално искуство и докажани резултати.

За повеќе информации и закажување посета на активните локации со батерии на електраните на ФЕРОИНВЕСТ:
02/5122 809
075 277 354
ПР
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

