Македонија
„Руската инвазија на Украина ќе го забрза пристапот на земјите од Западен Балкан кон НАТО и ЕУ“
Американскиот универзитет на Европа – ФОН, денескa, за студентите од Факултетот за правни и политички науки и од Факултетот за детективи и безбедност организира предавање на тема What the Russian invasion of Ukraine Means for the Western Balkans: It is Not as Bad as You Think. Предавач беше д-р Крис Ноланд, професор и директор на магистерската програма за разузнавање и безбедносни студии на колеџот Lebanon Valley од Пенсилванија, САД.
Во своето предавање професорот Ноланд потенцира дека иако светот во глобални рамки ќе се соочува со повисоки цени на нафтените деривати и со недостиг на храна, сепак руската инвазија на Украина ќе помогне да се забрза пристапот на земјите од Западен Балкан кон НАТО и ЕУ. Во овој контекст Соединетите Американски Држави се усогласуваат со Европската Унија и повторно се ангажираат да се спречи дестабилизацијата на Западен Балкан, но и да се обезбеди позитивен пат напред на земјите од регионот за нивна побрза интеграција во ЕУ и НАТО.
![]()
„Соединетите Американски Држави во минатото посветуваа помалку внимание на Западен Балкан. На регионот не му се даваше приоритет со оглед на годините на хиперфокусирање на САД кон Азија и Кина. Во меѓувреме, политичкиот екстремизам во Западен Балкан е во пораст, особено на посредниците. Треба да сè има предвид дека во моментот слаби точки во регионот се Босна Херцеговина и Косово, каде што лидерството на САД сега е најпотребно. За да го направи ова, САД мора да се ангажираат повеќе и да работат со Република Србија“, истакна Крис Ноланд пред студентите на АУЕ – ФОН.
Според него, Соединетите Американски Држави, но и светот во целина, ќе мора да ја реконципираат безбедноста во смисла на хибридно војување и да посветат поголемо внимание на сајбер-нападите, дезинформациите и на операциите на влијание.
Професорот Крис Долан пред почетокот на предавањето одржа и работен состанок со менаџментот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, каде што споделија искуства за начините за подобрување на квалитетот на високото образование, при што се посочи можноста сите заинтересирани студенти и професори од Македонија да аплицираат за целосно стипендирање преку Фулбрајт-програмата.
![]()
Инаку, Долан е член на одборот на Советот за светски прашања и на Здружението за надворешна политика и проектот за транзиција на Белата куќа. Негов фокус на интерес се американската национална безбедност, разузнавачка анализа, хибридна војна, сајбер-безбедност, дезинформации и операции на влијание.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

