Свет
„Њујорк тајмс“: Америка ѝ помогна на Украина да убие многу руски генерали преку разузнавањето
Соединетите Држави ѝ дадоа на Украина разузнавачки информации кои им помогнаа на украинските сили да убијат многу руски генерали во војната, објави „Њујорк тајмс“, цитирајќи висок американски функционер.
„Њујорк тајмс“ пишува дека дел од тајните напори на администрацијата на Бајден биле да ѝ обезбеди на Украина разузнавачки информации во реално време на бојното поле.
Вашингтон, наводно, ѝ доставил на Украина детали за очекуваните движења на руските трупи и локацијата, како и други детали за мобилниот воен штаб на Русија, а Украина ја комбинирала таа помош со сопственото разузнавање за да изврши артилериски и други напади во кои биле убиени руски офицери .
Разузнавањето вклучува и очекувани движења на руските војници собрани од неодамнешните проценки на САД за тајниот план на Москва за борба во регионот Донбас во источна Украина, изјавија официјални лица.
Украинските власти соопштија дека убиле околу 12 руски генерали на бојното поле. Официјалните лица одбија да прецизираат колку генерали биле убиени како резултат на помошта од САД, објави „Њујорк тајмс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.
Свет
Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот
Заменик-претседателот на либанскиот парламент, Елиас Бу Саб денеска изјави дека „не остануваат никакви сериозни пречки“ за да се започне со спроведување на американскиот предлог за 60-дневно примирје за прекин на борбите меѓу Израел и либанскиот Хезболах.
Тој за Ројтерс изјави дека едно од преостанатите прашања е кој ќе го надгледува прекинот на огнот.
Договорено е да се формира комисија составена од пет земји, што значи дека овој тим ќе биде одговорен за следење и надзор на прекинот на огнот, а меѓу нив е и Франција, а со комисијата ќе претседаваат САД.
Регион
(Видео) Тепачка во српскиот парламент
Во српскиот парламент дошло до физичка пресметка кога опозиционерите првин кренале транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се обиделе физички да го спречат почетокот на расправата кога пристигнале владините членови.
Претставниците на владејачкото мнозинство на Вучиќ застанале во еден вид жив ѕид околу говорницата, при што имало жестока расправија, пишуваат тамошните медиуми.
Пратениците од опозицијата им извикуваа „убијци, убијци“ мислејќи на катастрофата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на натстрешникот на реконструираната станица, што доведе до серија протести во Србија, пренесуваат медиумите во регионот.
SNS.Sramota Srbijeje razvila transparent da oni grade a žuti kradu. O Sunce ti kalajisano……….!
Je li ovo prerijsko goveče što se tiče u Skupštini. pic.twitter.com/QKObClnvhN— Darko@Darko0209 (@darko02091) November 25, 2024
Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, го повика обезбедувањето да влезе во салата, кое се обиде да ги смири пратениците.
Funkcioner i narodni poslanik Srpske napredne stranke Igor Bečić nasrnuo je u skupštinskoj sali na poslanicu @SlobodaIPravda – @MarinikaTepic! pic.twitter.com/lbicotJGse
— TV N1 Beograd (@n1srbija) November 25, 2024
Брнабиќ потоа ги повика пратениците да се вратат во своите клупи.
Според написите, тие набргу се вратиле, но дискусијата не продолжи, пратениците од опозицијата продолжија да стојат и да извикуваат „убијци, убијци“.