Забава
Во Австралија по 25 години е пронајдена желка која дише низ задникот

Научниците по пат на ДНК-анализа на примероци од вода во северниот дел на Квинсленд открија дека во областа моментално има вид на желка која може да дише преку задникот кога е потребно и последен пат била видена во регионот пред повеќе од 25 години.
Експертите од Универзитетот „Џејмс Кук“ (JCU) анализирале ДНК од примерок од реката Бурдекин и откриле дека таканаречената Ирвинова желка живее на неколку места. Го добила името по познатиот, сега починат, зоолог Стив Ирвин познт како „Ловецот на крокодили“ и неговиот татко Боб.
„Добро е да се знае дека сè уште има некои во оваа област“, рече Демиен Бароус, шеф на истражување во Центарот за тропски води и водни екосистеми на JCU.
Боб и Стив Ирвин ја откриле оваа желка (E. irwini) во сливот на реката Бурдекин во раните 1990-ти. Посебна е по тоа што може да дише на задникот, односно го користи аналниот отвор за да дише под вода.
„До ова последно откритие, немавме никакви официјални податоци за да докажеме дека желката на Ирвин сè уште живее во долниот дел на реката Бурдекин“, рече Бароус, цитиран од „Гардијан“.
Научниците анализираа примероци и ги пребаруваа реките Бурдекин, Бовен и Брокен во три периоди во 2020 и 2021 година, покривајќи 37 локации во три басени.
„Порано, беше многу тешко да се најде желката на Ирвин бидејќи живее само на места каде што има крокодили или во планински притоки до кои е многу тешко пристапен“, рече Бароус.
„Исто така, тие не е лесно да се фатат, а водата во која се наоѓаат не е чиста, така што не можат да бидат снимени со подводни камери. Но, ДНК-анализата го промени тоа бидејќи само требаше да земеме примероци и да ја пронајдеме нивната ДНК“, тој додаде.
Процесот овозможува собирање на генетскиот материјал на еден организам од почвата, седиментот и водата, но не може да ја открие возраста на желките.
„Не знаеме ништо за демографијата на оваа популација, но фактот што ја најдовме нивната ДНК, и покрај браната изградена во 1980-тите, сугерира дека возрасните желки Ирвин сè уште можат да преживеат во овие услови на матна вода“, рече биологот Сесилија Вилакорта-Рат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Обожавателка ја праша Северина кога ќе почне да се облекува според нејзините години: одговорот на пејачката ги насмеа фановите

Северина објави преписка со обожавател на својот инстаграм-профил, а одговорот на пејачката насмеа многумина.
Обожавателот ја праша 53-годишната пејачка кога ќе почне да се облекува според нејзините години. Северина одговори: „Кога ќе ми го позајмиш фустанот од твојата профилна фотографија“ и испрати емотикон во форма на срце.
Нејзиниот одговор ги насмеа фановите.
View this post on Instagram
Северина ова лето настапува во Хрватска и во околните земји, а е позната по своите интересни комбинации, кои привлекуваат внимание на нејзините концерти.
View this post on Instagram
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Бред Пит има нов дом: ѕирнете во вилата од 12 милиони долари

Дејв Кенинг, коосновачот и гитарист на бендот The Killers, ја продаде својата вила во Лос Анџелес на продуцентот, вљубеник во архитектурата и добитник на „Оскар“, Бред Пит, за 12 милиони долари. Луксузната вила се наоѓа во Холивуд Хилс, а продажбата првпат ја објави „Волтстрит џурнал“.
Барал 14 милиони долари, Бред понуди 12
Имотот се наоѓа на нешто повеќе од една третина од еден хектар, а зад оградата е бела куќа од малтер со теракота- покрив, што нуди живописен поглед од центарот на Лос Анџелес до заливот Санта Моника. Вилата, првично изградена кон крајот на 80-тите, е приближно 8.000 квадратни метри и има шест спални соби и осум бањи.
Високото фоаје со дрвени греди води кон дневна соба со камен камин и француски врати што се отвораат кон дворот. Втората дневна соба има релјефен лимен таван, а канцеларијата е обложена со вградени полици за книги. Елегантната кујна со трпезарија е опремена со ормани од абанос и апарати Wolf и Miele.
Спа-центар, студио за снимање…
На горниот кат се наоѓа раскошен главен апартман со лустер од мурано-стакло, камин, балкон кој го опкружува и мермерна бања. Исто така, има и киносала, а уредените градини имаат базен во слободна форма, спа-центар, простор за скара и дневна соба со камин. Имотот вклучува и две гаражи и одвоено студио со простор за снимање.
Ова не е првиот имот на Пит во Холивуд Хилс. На почетокот на 2023 година тој продаде имот во Лос Фелиз за 33 милиони долари, а потоа купи павилјон познат како Челичната куќа во истата населба за 5,5 милиони долари. Неодамна издвои 40 милиони долари за историската куќа „Д. Л. Џејмс“ во Калифорнија, која наводно стана негова главна резиденција. Неговото портфолио вклучува и 50 проценти од акциите во винарницата „Шато Миравал“ во Франција, која ја делеше со поранешната сопруга Анџелина Џоли.
фото: принтскрин
Забава
Џенифер Анистон за Илон Маск: „Воопшто не ме привлекува“

Актерката Џенифер Анистон се подготвува за објавувањето на четвртата сезона од популарната драмска серија The Morning Show, која пристигнува на „Епл ТВ+“ на 17 септември.
Анистон ја глуми Алекс Леви во серијата, а за оваа улога ја освои наградата Screen Actors Guild во 2020 година.
Додека обожавателите со нетрпение го очекуваат враќањето на серијата, Анистон се појави на насловната страница на септемвриското издание на списанието „Венити фер“.
View this post on Instagram
Таа зборуваше за многу теми во интервјуто, па дури и го спомена Илон Маск.
Иако малкумина би ја поврзале Анистон со Маск, неговото име се појави поради споредби со љубовниот интерес на нејзиниот лик со Пол Маркс, кој го игра миленикот на публиката од серијата Mad Men, Џон Хам.
Маркс е милијардер со голем интерес за ракетна индустрија. Ви звучи познато? Новинарот забележа дека ликот на Хам личи на Илон Маск.
View this post on Instagram
Но, актерката веднаш ја отфрли споредбата велејќи за основачот на „Спејс икс“: „Воопшто не го сметам за привлечен, на никаков начин“.
Патем, The Morning Show не се срами да ги опфаќа настаните од реалниот живот и политиката, а Анистон за „Венити фер“ изјави:
„Правиш ТВ-серија за политичко известување во многу поделена временска зона, а тоа може да биде тешко. Сакаш да им се допаднеш на сите твои гледачи“.
View this post on Instagram
Во остатокот од интервјуто Анистон се осврна и на тема за која ретко зборува, нејзиниот развод од поранешниот сопруг Бред Пит. Актерката во тој период го снима филмот The Break-Up.
„Беше некако катарзично да се снима тој филм. Кога ми ја дадоа понудата, беа малку нервозни бидејќи беа како: ‘О дали е ова во ред или не е соодветно?’ Но, всушност, чувствував дека ова е вистинската можност. Знаев дека може да ми користи, како човечко суштество, и дека ќе му служи добро на сценариото и на ликот“, рече Анистон.
фото: принтскрин