Македонија
(Видео) Ковачевски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да почнат да работат, уцени не прифаќам
Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, конечно, да почнат да работат порачувајќи дека уцени не прифаќа и дека нема да дозволи ограничување на Собранието за носење на потребните закони и одлуки во интерес на граѓаните по најавите за блокади од опозицијата.
„ВМРО-ДПМНЕ пред речиси една година доби мандат во најголем дел од општините во државата и гледате што се случува – во општините немаат ниту еден проект. На почеток почнаа да прават некои презентации, ама тоа беа проекти што беа оставени од градоначлниците од претходно. Сега гледате дека нема ништо. Во градот Скопје, освен, што како во хокеј се менуваат директорите на секои 2 месеца, ништо друго не се случува. Затоа нека ја земат одговорноста во свои раце, нека покажат дека може да работат во општините за она што го ветуваа, а ниту едно ветување не е остварено. Парламентот да функционира. Владата има зголемена парламентарна поддршка во Собранието визави претходната влада бидејќи сега имаме 64 пратеници поддршка, нова партија што се приклучи во коалицијата. Не постојат никакви ограничувања за носење на потребните одлуки за граѓаните“, рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Претседателот Ковачевски рече дека тој е во постојана комуникација со повеќе претседатели на политички партии како и со премиери од соседните држави за справување со последиците од економската и енергетскстата криза и додаде дека може да се разговара со сите политички партии, но за теми што се од интерес на граѓаните и решавање на проблемите.
„Ние може да разговараме со сите партии. Јас и денеска имам состаноци со претседатели на политички партии за унапредување на решенија, за справување со последиците од енергетската криза, со економската криза. Јас сум во дневна комуникација со претседателите и премиерите од земјите на соседните држави сѐ со цел да овозможиме полесно пребродување на кризата. Но, уцена со одбројување 5 дена, 4 дена, единствена точка на дневен ред предвремени избори, таква средба не може да има“, рече претседателот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство
														Министерот за здравство Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија во нашата држава.
„Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат упатувани во странство. Тимот од оваа клиника покажа дека во македонското здравство постои знаење, храброст и визија за врвни резултати. Ова е голем чекор напред за нашето здравство и потврда дека инвестицијата во знаење, технологија и човечки потенцијал овозможува врвни резултати“, истакна министерот Алиу при посетата.
Директорката на Клиниката за кардиологија, Даница Петкоска-Спирова, изрази благодарност до целиот тим за посветеноста во работата и грижата за пациентите со кардиолошки заболувања.
„Министерството за здравство продолжува со поддршка на иницијативите за воведување нови процедури и методи во јавните здравствени установи, со цел унапредување на третманот на пациентите на сите нивоа на здравствена заштита“, порача министерот Алиу.
Македонија
Љутков ќе се обрати на 43 сесија на Генералната конференција на УНЕСКО
														Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од 30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан.
Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, на која учествуваат министри и претставници од земјите членки на УНЕСКО.
На Генералната конференција учествуваат претставници од над 200 земји и меѓународни организации. За време на двонеделното заседание ќе бидат усвоени значајни документи што ги одредуваат буџетот и програмата за работа на УНЕСКО за следниот период, а државите членки ќе изберат и членови на извршниот одбор. Се очекува во текот на Конференцијата да биде именуван и нов директор на Организацијата.
Одржувањето на Конференцијата во Самарканд е од особено значење бидејќи за првпат по повеќе од четири децении Генералната конференција на УНЕСКО се одржува надвор од седиштето на Организацијата во Париз.
Учеството на овој меѓународен собир, во кој Република Македонија е полноправна членка од 28 јуни 1993 година, ја потврдува континуираната посветеност на земјава кон целите и вредностите на УНЕСКО, а претставува и можност за унапредување на видливоста на македонската култура на глобално ниво.
Македонија
Утре без вода дел од скопски Центар
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради дефект во шахта од ф – ¾ на ул. Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција. ( општина Центар )

