Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде луксузните теписони и лустери во Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните
Најавите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за засилени блокади во време на најголема светска економска криза се најнеодговорен чин, кога има постојан раст на цените на енергенсите, на цените на храната, во услови кога политичките субјекти од цела Европа се обединуваат околу наоѓање начини за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување доволно енергенси за претстојната зима, се вели во соопштението од СДСМ.
Преку судските процеси и директни признанија на високите функционери од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните постојано сведочат како оваа партија трошела стотици илјади евра на скап мебел и опрема за опремување на Белиот дворец.
Од партијата наведуваат дека ако ВМРО-ДПМНЕ вистински сака да направи било што конструктивно, нешто од интерес на граѓаните, наместо да се заканува и уценува со блокади и некаква радикализација нека ги продаде луксузните теписони и лустери во Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се грижат само за лични и партиски интереси, кои се противат парите да завршуваат кај граѓаните, СДСМ води политика за враќање на парите кај граѓаните, повисоки плати и унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Ниту една уцена или обид за блокада нема да им успеат, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд
Променливо облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Претпладне, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа седмица следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини, ќе преминуваат во врнежи од снег. Повремено наместа врнежите ќе бидат пообилни. До сабота ќе дува југоисточен и југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот и ќе дува засилен северен ветер.

