Македонија
Маричиќ во Париз на конференција за последиците од војната во Украина на евроинтеграцискиот процес
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, од денеска е во дводневна работна посета на Париз, Франција, во чии рамки ќе оствари средба со Клемент Бон, државниот секретар за европски прашања на Република Франција, со политичкиот советник за Балканот на претседателот Макрон, Изабел Думонт, а во францускиот Сенат ќе се сретне и со претседателот на Комитетот за меѓународни прашања и одбрана, Кристијан Камбон.
Дополнително, вицепремиерот Маричиќ ќе земе учество на конференцијата „Балкански дијалози“, на тема: „Последиците од војната во Украина на евроинтеграцискиот процес“, на која ќе учествуваат високи државни претставници од регионот и од Европа. На маргините на конференијата вицепремиерот Маричиќ е планирано да се сретне и со својата црногорска колешка, Јована Маровиќ.
Оваа посета вицепремиерот Маричиќ ја реализира во исклучителен важен период и за Унијата и за регионот, а во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка и можноста за напредок во нашите евроинтеграции, за состојбата во преговорите со Бугарија за новите предизвици од воената агресија врз Украина и за клучните приоритети на Владата во реализирањето на европските реформи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

