Свет
„Вашингтон пост“ и „Ројтерс“ добија Пулицерова награда
„Вашингтон пост“ денеска ја доби Пулицеровата награда за известување од јавен интерес за опсадата на американскиот Капитол од поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а „Ројтерс“ победи во категоријата фотографии за известување за пандемијата на коронавирусот во Индија.
Украинските новинари добија специјална награда за известување за руската инвазија, изјави администраторката на Пулицеровата награда, Марџори Милер, пренесе „Ројтерс“.
Според неа, годинешната награда за известување од јавен интерес отиде во рацете на „Вашингтон пост“ за убедливо раскажан и сликовито прикажан приказ на нападот врз Вашингтон на 6 јануари 2021 година, во кој на јавноста ѝ достави целосен и непоколебливо разбирање на еден од најтемните денови на земјата’.
Кога станува збор за фотографијата, тим од фотографи на „Ројтерс“ ја доби Пулицеровата награда за придружна фотографија за покривање на пандемијата на корона вирусот во Индија.
„Мајами хералд“ ја доби наградата за шокантна вест за известувањето за уривањето на висококатница во Њујорк кога загинаа 98 лица.
„Њујорк тајмс“ освои три Пулицерови награда за известување.
Пулицеровите награди ги доделува Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, а секој победник добива диплома и награда од 10.000 американски долари.
Наградата ја востанови Џозеф Пулицер, унгарско-американски новинар и издавач, кој по смртта во 1911 година, целиот свој имот го остави во аманет на Универзитетот „Колумбија“.
Првата Пулицерова награда е доделена на 4 јуни 1917 година и оттогаш традиционално се доделува секој април.
Победниците ги избира независна комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Венецуела ѝ се заблагодари на Русија за поддршката на Мадуро
Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Хил Пинто, изрази благодарност до Русија за поддршката за лидерот на таа земја, Николас Мадуро, и за осудата на мешањето на САД во внатрешните прашања на Каракас.
„Венецуела и Русија се братски земји и стратешки сојузници. Владата на Боливарската Република изразува длабока благодарност за изјавата на Русија со која ги поддржува барањата на суверената нација и ослободувањето на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес“, напиша тој на својот канал на Телеграм, пренесува „ТАСС“.
Нагласи дека Венецуела, исто така, го цени повикот на Русија да се почитува правото на самоопределување на венецуелскиот народ и нејзината осуда на странското мешање на Соединетите Американски Држави.
Постојаниот претставник на Русија при Обединетите нации, Василиј Небензја, на 5 јануари изјави дека Русија изразува силна солидарност со Венецуела и го поддржува курсот на владата во соочувањето со надворешната агресија.
Шефот на руската дипломатска мисија изрази надеж дека „меѓународната банда“ на Вашингтон ќе добие „објективна и сеопфатна оценка во меѓународно-правна смисла, со користење на универзалните механизми на ОН и други мултилатерални формати“.
Небензја, исто така, го повика американското раководство веднаш да го ослободи легитимно избраниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга.
Соединетите Американски Држави на 3 јануари нападнаa цели во Венецуела, заробувајќи го претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес.
Свет
Мерц му порача на Зеленски: Младите Украинци да ѝ служат на својата земја, а не да бегаат во Европа
Од Украина, меѓу другото, се очекува да создаде услови младите мажи да ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина, наместо да заминуваат во европските земји, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц обраќајќи му се на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Економскиот капацитет ќе биде неопходна гаранција дека Украина ќе може уверливо да ја одврати Русија во иднина. Драг Володимире, сакам ова отворено да го кажам: тоа подразбира и одредени очекувања за Украина. Тоа вклучува – и вие го знаете тоа, веќе разговаравме за ова во Брисел – дека Украина мора да биде организирана на таков начин што нејзините млади мажи ќе ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина, а не да заминуваат во Германија, Полска или Франција, како што е случај сега“, нагласи Мерц во Париз по состанокот на Коалицијата на подготвените, пренесува „Укринформ“.
Според неговите зборови, тоа е очекување кое Украина „може и мора да го исполни“.
Украинската влада на седница одржана на 26 август ја ажурираше процедурата за преминување на државната граница. Мажите на возраст од 18 до 22 години сега можат непречено да ја преминуваат границата за време на воената состојба. Соодветните измени стапија на сила на 28 август, еден ден по официјалното објавување на резолуцијата.
Во Германија живеат околу 1,2 милиони Украинци. Нивниот број во последните години се зголемува, главно поради младите мажи помлади од 22 години, наведува украинската агенција.
Фото: Depositphotos
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

