Забава
Кејт и Вилијам ќе ги водат прославите на платинестиот јубилеј на кралицата
Војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, ќе ги предводат прославите на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета во Обединетото Кралство.
Според „Фокс њус“, војводата и војвотката од Кембриџ ќе бидат највисоките членови на кралското семејство што ќе отпатуваат надвор од Лондон во текот на славеничкиот викенд на монархињата следниот месец.
Кралската двојка ќе се упати во Велс, каде што живееше неколку години кога првпат се венчаа пред повеќе од една деценија, принцезата Ана ќе патува во Шкотска, а принцот Едвард и Софи, грофицата од Весекс, ќе заминат во Северна Ирска.
„Во текот на централниот викенд членовите на кралското семејство ќе ги посетат нациите на Обединетото Кралство за да го прослават платинестиот јубилеј. Членовите на кралското семејство ќе присуствуваат на ангажмани во секоја нација, вклучително и јавни настани по тој повод“, соопшти Бакингемската палата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кузмановиќ, по победата, истрча до својата девојка и страсно ја бакна
По блескавата игра и победата над Франција, хрватскиот голман Доминик Кузмановиќ притрча до својата девојка и страсно ја бакна.
Двојката не можеше да ги сокрие емоциите откако Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство во ракомет.
И на претходните мечеви девојката од трибините му даваше поддршка на Кузмановиќ.
А тој по пласманот во четвртфиналето на Светското првенство истрча до својата девојка која беше на трибините.
И победата над Словенија ја прослави со бакнеж. Истото го направи откако ги победија Унгарците. Убавата бринета која го заведе Доминик по професија е економист, а Доминик нема фотографии со неа на својот Инстаграм профил, па не се знае многу за неа, пренесуваат хрватските медиуми.
Забава
Ричард Гир неодамна се пресели во Шпанија, сега таму ќе добие филмска награда
На американскиот актер Ричард Гир, кој неодамна се пресели во Шпанија, ќе му биде врачена меѓународната награда на најважната церемонија на доделување филмски награди во земјата, „Гоја“, следниот месец, објави Шпанската филмска академија.
Актерот ќе ја добие меѓународната награда на церемонијата во Гренада, што ќе се емитува на националната телевизија на 8 февруари, се вели во соопштението.
Академијата го пофали Гир за неговиот „извонреден придонес во кинематската уметност глумејќи во некои од најлегендарните филмови во историјата на кинематографијата“.
Таа исто така ја пофали „општествената посветеност што ја покажал и лично и професионално“ за разни цели, како што е помошта на бегалците и бездомниците. Академијата го истакна „интензивниот активизам на Гир во име на тибетската автономија и зачувувањето на тибетската култура“.
Ричард Гир (75) и неговата сопруга Алехандра Силва (41) минатата година се преселија во Мадрид со двата сина.
„Посреќни сме од кога било“, изјави актерот во интервју за шпанското издание на магазинот „Ел“ на прашањето за нивниот нов живот во Шпанија.
Забава
(Видео) Позната актерка: Сите ги коментираа моите гради кога имав 16 години
Актерката Џенифер Лав Хјуит гостуваше во поткаст во кој присети на времето кога била сексуализирана во медиумите како тинејџерка.
„Кога имав 16 години, возрасните зборуваа за моите гради на ток-шоуа и луѓето ми се смееја. Тоа беше целосно прифатена култура, но кога ќе седнете и ќе погледнете каде сме сега во споредба со местото каде што бевме тогаш, навистина е зачудувачки“, опиша Џенифер.
„Гледајќи наназад, мислам дека беше навистина чудно да се стане секс симбол пред да знам што значи тоа. Не знаев што значи да се биде секси“, истакна таа. Рекла и дека добила непријатни коментари за појавувањето на насловната страница на магазинот „Максим“ на 17 години, истакнувајќи дека тоа и било „малку одвратно“.
Оваа 45-годишна актерка е најпозната по улогите во серијалот филмови I Know What You Did Last Summer. Откако се појави во нив, таа вели дека добивала шеги како „Знам што правеа твоите гради минатото лето“.