Македонија
Нема починати од Ковид-19, регистрирани се 93 новозаразени и 85 оздравени пациенти

Во последните 24 часа направени се 1.365 теста, а регистрирани се 93 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 51, Битола – 15, Охрид – 5, Тетово и Кавадарци – по 4, Прилеп – 3, Велес и Штип – по 2, Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово – по 1.
Од вкупниот број позитивни (93), регистрирани се 12 реинфекции.
Регистрирани сe 85 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 40, Битола – 10, Струмица – 8, Охрид – 5, Велес – 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струга, Гостивар, Кочани и Валандово – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.365 тестапреку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-82, ЦЈЗ Битола-44, ЦЈЗ Прилеп-20, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-35, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–73, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-22, Биотек-38, Систина-31, лабораторија Лаор-27, Синлаб-12, Ремедика-18, Плодност-16, Генеа-11, Никоб лаб-91, ВФВ медикал-27, Ели медика плус-9, Ројал медика–5, Спектра-ММ-2, Рапид лаб–14, Жан Митрев Струмица–2, Нова лаб дијагностика–5, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 576.
Досега во земјата се направени вкупно 2.033.385 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.506, бројот на оздравени пациенти е 300.617, на починати е 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 602.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 145.968, Активни 268
Куманово 16.649, Активни 13
Битола 15.503, Активни 127
Прилеп 14.181, Активни 34
Тетово 13.468, Активни 13
Кавадарци 10.663, Активни 20
Велес 9.779, Активни 14
Гостивар 9.594, Активни 11
Охрид 8.877, Активни 30
Струмица 8.069, Активни 7
Штип 8.035, Активни 13
Кичево 5.632, Активни 9
Кочани 5.079, Активни 2
Струга 4.722, Активни 4
Гевгелија 4.413, Активни 8
Неготино 3.681, Активни 2
Ресен 2.733, Активни 12
Свети Николе 2.624, Активни 0
Радовиш 2.530, Активни 1
Крива Паланка 2.414, Активни 1
Делчево 1.980, Активни 1
Дебар 1.674, Активни 1
Берово 1.661, Активни 2
Валандово 1.488, Активни 1
Виница 1.393, Активни 2
Пробиштип 1.267, Активни 0
Богданци 1.020, Активни 1
Кратово 966, Активни 2
Крушево 926, Активни 0
Демир Хисар 832, Активни 2
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.