Македонија
(Видео) Ковачевски од Брисел: Итно отворање на преговорите за Северна Македонија
Премиерот Димитар Ковачевски за време на еднодневната работна посета на Кралството Белгија и ЕУ, во изјава пред средбата со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ја истакна важноста од интеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан во Европската Унија.
Премиерот Ковачевски изјави:
„Задоволство е да се биде вечерва тука заедно со моите колеги и потпретседателот Борел. Се соочуваме со досега невидена состојба во историјата на нашиот континент. Овие состојби нè натераа да бидеме обединети како никогаш досега и да ги усогласиме нашите политики.
Вечерва со потпретседателот Борел и другите колеги дискутираме за итни прашања, но и прашања кои се однесуваат на среден и долг рок, прашања кои потекнуваат од кризата и нашата улога кон Русија, а во врска со нејзината инвазија врз Украина.
Исто така, ќе дискутираме и за енергетската безбедност, како и за економските и финансиски импликации што ги носи кризата за нашата земја и за регионот.
Покрај тоа, ќе дискутираме за начинот и активностите што ќе ги спроведеме заедно за да ја зацврстиме и подобриме поддршката на ЕУ за регионот на Западен Балкан, како регион што е изложен на кризата што доаѓа од војната во Украина.
Поконкретно, за Северна Македонија со потпретседателот Борел ќе дискутираме за потребата од итно отворање на преговорите и одржување на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија, бидејќи проширувањето на ЕУ не е само политички процес, туку во поглед на новиот геополитички развој, особено поради војната во Украина, веќе станува и безбедносно прашање во регионот на Западен Балкан“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

