Македонија
Маричиќ – Трпески: Зајакната соработка за теоретско и практично знаење е од интерес на евроинтеграцискиот процес
Денес, во просториите на Секретаријатот за европски прашања беше потпишан нов меморандум за соработка помеѓу Секретаријатот и Економскиот факултет во Скопје од страна на заменик-претседателот на Владата, Бојан Маричиќ, и деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Предраг Трпески.
„Ме радува што двете институции препознавме можност за партнерство. Целта е подобрување на соработката меѓу двете страни во приближувањето на земјата кон ЕУ, јакнењето на административните и институционалните капацитети преку разни облици на соработка во процесот на европската интеграција“, истакна вицепремиерот Маричиќ.
Маричиќ и Трпески сметаат дека е исклучително важно да се посвети внимание на прашањата поврзани со Европската Унија, како и дека европските програми треба да се повеќе вклучени во наставните програми.
Според нив, зајакната соработка за теоретско и практично знаење помеѓу двете институции е од интерес за евроинтеграцискиот процес.
Двајцата изразија очекување дека оваа соработка ќе поттикне наредниот период на студентската популација да ѝ се посвети посебно внимание преку создавање можности за нивно информирање, едукација и подготовка за преговарачкиот процес и за негово спроведување.
Воедно, беше најавена и соработка во рамките на центрите за обука на Секретаријатот за европски прашања и тренинг-центарот за европска интеграција при Економскиот факултет во Скопје.
Овој меморандум претставува континуитет на соработката на Секретаријатот со високообразовните и научните институции во земјата и странство во областа на европските интеграции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

