Македонија
СДСМ работи за граѓаните, не успеа блокадата на Мицкоски
Пропаднаа обидите за блокада на Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски.
Дневниот ред се усвои и Собранието продолжува со работа и покрај тоа што два дена се потрошија на нивните бесмислени предлози, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека во време на најголема светска економска и енергетска криза, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заради лични интереси на Мицкоски го блокираат Собранието наместо да работат за граѓаните кои им дале доверба.
СДСМ, заедно со парламентарното мнозинство работи за граѓаните, ќе ги надминеме сите блокади и опструкции од ВМРО-ДПМНЕ и сите законски решенија од интерес на граѓаните ќе бидат донесени.
СДСМ и парламентарното мнозинство нема да дозволат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ да нанесат штета врз граѓаните и државата.
Во време на светска економска криза, Собранието мора да биде функционално, брзо и ефикасно да носи решенија кои значат помош за граѓаните и домашната економија, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

