Македонија
Средба Османи-Кривокапиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат исклучително добра и интензивна соработка

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, во Берлин, оствари средба со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ.
Упатувајќи честитки за формирањето на новата Влада на Црна Гора и за изборот на Ранко Кривокапиќ на функцијата министер за надворешни работи, Османи ги потенцираше одличните традиционални партнерски и пријателски односи меѓу двете земји, изразувајќи уверување дека ова партнерство продолжува и во наредниот период.
„Северна Македонија и Црна Гора имаат исклучително добра и интензивна соработка, но и разбирање во однос на заокружувањето на нашите взаемни стратешки цели, кои со војната во Украина добиваат важна, ако не пресудна, безбедносна и геополитичка димензија“ истакна Османи посочувајќи на взаемниот интерес за членството на двете држави во Европската Унија.
„Тоа е процес кој е од регионален, па и поширок интерес, како важен инпут во создавањето на идната безбедноста архитектура и на Западниот Балкан и на Европа. “, посочи Османи.
Разменувајќи мислење за војната во Украина, и последиците кои произлегуваат од неа, двајцата министри ја осудија воената агресија на Русија, потенцирајќи дека во прашање е еклатантна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и сериозна закана за сигурноста на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.