Црна хроника
Маж пронашол над 100 куршуми и рачни бомби додека си го реновирал покривот во Вевчани
Охриѓанец пријавил дека нашол голема количина оружје и муниција додека си го реновирал покривот во својата куќа во Вевчани.
Како што соопшти полицијата, В. М. (46) од Охрид, со живеалиште во Скопје, пријавил дека при реновирање на покривот во својата куќа во Вевчани пронашол 106 куршуми за карабин, 4 рачни бомби, една кутија со барут и 33 капсули за ловечка пушка.
Увид на местото извршиле полициски екипи, а пронајдените предмети се безбедно подигнати од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Прегазен пешак во Битола: со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера во 20:18 часот во СВР Битола е пријавено дека на улицата „Новачки пат“ во Битола, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.А.(44) од Битола, удрило во пешакот С.П.(62) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Измамен маж од Тетово: дал 2.000 евра за документи во странство, но не ги добил
Вчера во 11:20 часот во СВР Тетово, 44-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од едно лице од гостиварско за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, во јули 2024 година тој стапил во контакт со лицето и се договориле да му посредува за документи во странство, по што ги дал парите на неговиот внук.
Како што е пријавено, откако не ги добил документите, а ниту му биле вратени парите, сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

