Македонија
Брнабиќ пристигна во Скопје, прва на агендата е средбата со Ковачевски

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, пристигна во Скопје и ја почна работната посета нa Македонија.
Како што пренесуваат српските медиуми, за Брнабиќ бил организиран официјален прием пред Владата на Северна Македонија, а потоа започнала средба на двете делегации предводени од неа и од нејзиниот македонски колега, Димитар Ковачевски.
Како теми на средбата најавени се натамошниот развој на пријателските односи, договор за третата заедничка седница, иницијативата Отворен Балкан, билатералната соработка, трговската размена меѓу двете земји и проектот за железница Будимпешта-Белград-Скопје.
Ова е прва билатерална средба на Брнабиќ со новиот премиер Ковачевски.
Заедно со Ковачевски, таа ќе присуствува на отворањето на самитот Македонија 2025, регионален собир кој секоја година собира повеќе од 250 учесници и служи како платформа за размена на знаења, најнови светски деловни трендови, инвестиции, технолошки иновации, поврзување на организации и инспиративни промени во Југоисточна Европа.
Фокусот на овогодишниот самит е дигитализацијата и развојот на дигиталните вештини, регионални и глобални теми, а Брнабиќ ќе учествува на премиерскиот панел „Градење просперитетна иднина: улогата на регионалната соработка“.
На самитот секоја година учествуваат владини претставници, компании кои работат во регионот, членови на дипломатскиот кор и меѓународни организации, како и членови на академската заедница и на граѓанското општество.
Самитот започнува денеска и ќе трае до 19 мај, а ќе го затвори македонскиот претседател Стево Пендаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Кочани ќе се гради споменик во помен на загинатите во „Пулс“

Собеанието со амандман обезбеди 2 милиони денари (околу 32.000 евра) како првични средства за идејно решение и отпочнување на активности за спомен-обележје во чест на младите кои ги загубија животите во трагедијата во дискотеката „Пулс”. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Ова барање, како што истакнува пратеникот, е координирано со родителите на настраданите и произлегува заедничката желба, макар само дел од болката да се преточи во достоинствено сеќавање, а трагедијата да не се заборави.
Споменикот според планот ќе биде поставен во централното градско подрачје, и ќе биде тивок сведок на болката, но и силна порака за солидарност, сеќавање и обврска да не дозволиме ваква трагедија никогаш повеќе, вели Лефков.
Упати благодарност до Владата што го прифатила амандманот, и до колегите пратеници што ја дале својата поддршка.
Македонија
„Не смее да ни се случи Пулс 2“ – градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за угостители

Градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, поднесе кривична пријава против угостители за узурпација и бесправна градба.
Toj рече дека три месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти кои работат надвор од законските прописи и стандарди.
„Не смееме да замижиме по несреќата во „Пулс“. Ова е најтешкиот период за Кочани и јас нема да дозволам да ни се случи „Пулс 2“, изјави Крстевски.
Градоначалникот јавно го праша Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), како е возможно да се толерира работа во дивоградби, дали има контроли и што тие значат. До Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упати прашање како е возможно да се добие ХАСАП дозвола за угостителски објект кој служи храна, ако кујната е дивоградба или постојат броила во непосредна близина на фритезата, на што од АХВ реагираа дека тие се надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните. По однос на прашања кои се однесуваат на заштита и здравје при работа, АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за ХАСАП ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа.
Македонија
Грмотевици и дожд попладнево во Скопје, се апелира да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја

Невреме проследено со пороен дожд со грмежи го зафати попладнево Скопје.
УХМР претходно најави дека од денес до петок во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.