Македонија
Нов член во семејството на СОС Детско село
Секој поддржувач на работата на СОС Детско село има големо значење и важност, како компаниите така и индивидуалците.
„Затоа сакаме да оддадеме почит и признание на новите стратешки партнери со кои ќе креираме многу кампањи. Нашиот нов член во семејството стратешки партнери на СОС Детско село е компанијата ‘Пуцко петрол’ која ни се приклучи во период кој е многу возбудлив за сите млади, а тоа е период на полуматури и матури. Период во кој се сумира едно поглавје во животот на младите и се трасира пат за ново поглавје во кое ќе се креира и нивната иднина и ќе се развиваат аспирациите за еден професионален живот.

Многу е важно кога во еден ваков важен период во животот ќе добиете нови поддржувачи кои на уникатен начин ги започнаа активностите со младите во СОС Детско село.
Компанијата Пуцко петрол овозможи за сите матуранти и полуматуранти од СОС Детско село ваучери кои се наменети за купување на гардероба за матурската и полуматурската прослава на нашите млади. За да сите детали бидат опфатени и младите да уживаат во овој период компанијата овозможи и за девојките шминка и фризура за нивната матурска прослава.

Статешкото партнерство со „Пуцко петрол“ го градиме врз темелите: Топол дом и грижа за секое дете и со следните активности кои ќе ги организираме со партнерот ќе ставиме акцент кон поддршка на капацитетите и можностите на младите кои се згрижени“, велат од СОС Детско село изразувајќи благодарност до „Пуцко петрол“за покажаната исклучителна сензибилност за поддршка и развој на капацитетите на младите поддржани од СОС Детско село.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

