Македонија
Град Скопје со поддршка на 116 проекти oд 13,5 милиони денари за спортот и образованието
Градот Скопје донесе одлука за поддршка на програми, проекти, активности и манифестации во областа на спортот од интерес за Град Скопје за 2022 година, како и за кофинансирање на програмски активности на здруженија, фондации и други правни лица преку грантови за проекти кои ќе се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје.
На јавниот повик за поддршка во областа на спортот од интерес за Град Скопје за 2022 година пристигнаа 164 апликации, а Град Скопје донесе одлука за поддршка на 96 проекти согласно годишната програма за спорт, со вкупен износ од 11 милиони денари обезбедени од буџетот на Град Скопје за 2022 година.
Стратешката определба на Град Скопје за поддршка на спортот е преку програми, проекти, манифестации, активности и јавни повици да го поттикнува развојот на спортот, како и афирмирање на градот како развоен спортски центар со европски карактеристики што соодветствуваат на неговиот статус како главен град, со цел остварување на јавниот интерес од локално значење во областа на спортот.
Листа на поддржани проекти, програми, активности и манифестации:
https://skopje.gov.mk/media/8604/finansirani-proekti-i-manifestacii-sport-za-2022.pdf
На јавниот повик за кофинансирање на програмски активности на здруженија, фондации и други правни лица, кои предвидените проектни активности ќе ги спроведат во средните училишта на Град Скопје и учество ќе земат учениците и наставниците, согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2022 година, пристигнаа 23 апликации. Град Скопје донесе одлука за кофинансирање на 20 проекти, со вкупен износ од 2,5 милиони денари обезбедени од буџетот на Град Скопје за 2022 година.
Програмските активности кои се поддржани преку кофинансирање и се реализираат во средните училишта под надлежност на Град Скопје се насочени кон следниве приоритети: Справување со актуелните предизвици на здравствената криза, односно унапредување на дигиталната писменост на сите членови на училишните заедници; Психосоцијална помош на членовите на училишната заедница за справување со разните форми на насилството, а во прв ред со кибернасилството кое станува актуелно за време на учењето од далечина; Едукација и промоција за градење здрави животни стилови кај младите преку јакнење на свеста кај средношколците и пошироката јавност за личната одговорност во заштитата на сопственото физичко, психичко и социјално здравје; Унапредување на животната средина преку подигање на свеста на средношколците за личната одговорност во одржувањето на чистата и здрава животна околина; Истражувања и промоција на родовата рамноправност, ученичките права, слободи и развој на креативност; и организирање манифестации на кои ќе се презентираат училишните постигнувања, ќе се промовираат најдобрите ученици и ќе се претстават резултатите на воспитно-образовната дејност пред пошироката јавност.
Листа на поддржани програмски активности во средните училишта:
https://skopje.gov.mk/media/8636/lista-proekti-obrazovanie-2022.pdf
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова разговараше со професори на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје за неопходноста од креирање национален модел на образовна и здравствена политика, во којшто ќе бидат вградени физичката активност и здравите навики кај децата и младите, како гаранција за физички и ментално здрава нација.
За таа цел, деканот на факултетот, Влатко Неделковски, продеканката за настава, Андријана Мисовски и професорите Иван Анастасовски и Серјожа Гонтарев ја запознаа претседателката со предлог проектот, односно со планираните истражувања и временската рамка во којашто ќе се одвиваат (2026-2028), очекуваните резултати и стратешката одржливост.

Соговорниците укажаа на загрижувачките последици од долготрајното седење, гледањето телевизија и прекумерната употреба на дигитални уреди врз здравјето на младите, очигледни во прекумерната тежина, зголемената анксиозност, социјалната изолација и пониската самодоверба.

Тие посочија на научно утврдените придобивки од физичката активност како: поголема мускулна маса, подобра меморија, повисока концентрација, смиреност, полесно учење, повисоки академски резултати.

Претседателката предлага посветување поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени и форми на образование, од градинка до факултет, практикување интерактивна настава во природа, учење во движење.

Сите веруваат дека инкорпорирањето на физичката активност како неопходен елемент на образовниот процес ќе има силно влијание врз младите и нивниот префериран модел на живот, профилирајќи поактивни, поиздржливи, посвесни и поздрави генерации.
Македонија
До сабота претежно облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд
Облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (локално над 30 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Во западните и јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (локално над 30 l/m² за 24 часа). Од недела ќе има стабилизирање на времето.

