Свет
Пукање во Чикаго: Едно лице загина, неколку се ранети
Едно лице загина, а четворица се повредени во престрелка во Чикаго, соопштија денеска локалните власти.
Портпаролот на полицијата изјави дека престрелката се случила синоќа околу 22 часот и 40 минути во северниот дел на градот.
Едно лице почина, а другите четири се префрлени во локалните болници.
Нивната состојба варира, од сериозна до критична, објави „Чикаго Сан тајмс“.
Полицијата не ги соопшти имињата на жртвите и нивната возраст, а засега нема информации за позадината на пукањето, како и за осомничените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Полицијата го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам
Полицијата го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам, откако демонстрантите кои ја осудуваа израелската војна во Газа ги окупираа универзитетските згради во неколку холандски градови, објави новинската агенција АНП.
Hundreds of riot police were dispatched to quell a peaceful pro-Palestine protest in Amsterdam, where thousands of university students and staff staged a walkout in solidarity with Gaza and to denounce the Israeli genocide there.
The protesters also demanded that the country's… pic.twitter.com/crPrW9Uhls— Quds News Network (@QudsNen) May 13, 2024
Претходно денеска, холандска протестна група соопшти дека ги окупирала универзитетските згради во холандските градови Амстердам, Гронинген и Ајндховен.
Во објава на социјалната мрежа „Икс“, полицијата во Амстердам соопшти дека универзитетот поднел полициска пријава против демонстрантите за вандализам.
Students and or rioters throwing papers outside of the windows of the UvA university Amsterdam. #UvA #protest #Amsterdam #Gaza #Israel ©️iAnnet pic.twitter.com/wSrGuWWI9m
— iAnnet 🦋 (@iAnnetnl) May 13, 2024
Полицијата се грижи никој да не може да влезе во универзитетските згради и ќе побара од демонстрантите доброволно да ги напуштат просториите, се додава во соопштението.
The university staff walkout has started in Amsterdam ✊🏻🚩🇵🇸
Huge amount of support here. We will not stop till the university listens. https://t.co/C8V9bskZ55 pic.twitter.com/cLF2pH7qGw
— chugging pilk at 2am and getting a tummy ache (@GASLIGHTER_) May 13, 2024
Портпаролот на Универзитетот во Амстердам ја потврди окупацијата и рече дека ги советувал луѓето кои не се поврзани со протестот да ја напуштат зградата.
Регион
Милановиќ му одговори на Додик: Хрватите од Втората светска војна излегоа на вистинската страна
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се огласи во врска со тврдењата на Милорад Додик дека хрватскиот народ е колективно виновен за усташките злосторства. „Има многу малку припадници на хрватската нација кои не се солидаризираа со злосторствата на усташкиот режим“, изјави вчера Додик од Доња Градина, каде што се одржа комеморацијата за жртвите во концентрациониот логор Јасеновац.
Додик ја повтори спорната бројка од 700.000 убиени во Јасеновац, посочувајќи дека во Хрватска „сто години ги остреле секири“ за да почнат да убиваат Срби во 1941 година. Тој најави дека во Доња Градина, Србија и Република Српска ќе градат сопствен споменик на жртвите од Јасеновац со цел „да не се ограничи“ начинот на кој во иднина ќе го одбележуваат.
„Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, изјавите на лидерот на српскиот народ во БиХ, Милорад Додик, во Доња Градина, на комеморацијата на жртвите од усташкиот логор Јасеновац ги смета за неприфатливи и пред се невистинити.
Милорад Додик, покрај повторената невистина за бројот на жртвите во Јасеновац, рече дека „има многу малку припадници на хрватската нација кои не се солидаризирале со злосторствата на усташкиот режим“, што апсолутно не е точно и е навреда за сите хрватски антифашисти и хрватскиот народ.
Ваквите матрици само им штетат на интересите на Хрватите и Србите и во Хрватска и во БиХ. Хрватскиот народ излезе од Втората светска војна на вистинската страна на историјата, на победничката страна. Секое различно толкување на историјата, вклучувајќи го и гореспоменатото на Додик, претставува грубо фалсификување на вистината“, се наведува во одговорот на Милановиќ.
Свет
Подољак: Новата руска влада е создадена за да ги зголеми воените капацитети
Новите министри во руската влада покажуваат дека Москва се обидува да ги зголеми воените капацитети и да ја реконфигурира економијата за да ги задоволи воените потреби, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак.
„Русија конечно почна да се изолира и ќе се обиде да ги зголеми своите воени капацитети и воени способности, а истовремено да ја реконфигурира економијата“, напиша Подољак на својот профил на Телеграм.
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши министерот за одбрана Сергеј Шојгу и го замени со економистот Андреј Белоусов.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделата изјави дека Путин го назначил Белоусов на позицијата министер за одбрана бидејќи тој ресор треба да биде апсолутно отворен за иновации, воведување на сите напредни идеи и создавање услови за економска конкурентност.
Песков објасни и дека Шојгу, како новоименуван секретар на Советот за безбедност, истовремено ќе биде и заменик шеф на државата во комисијата за воено-индустрискиот комплекс и ќе ги надгледува активностите на Федералната служба за воено-техничка соработка.
Според Песков, Шојгу ќе продолжи да работи на полето кое го познава внатре пренесува Танјуг.