Македонија
Ковачевски: Да се радуваме и да се гордееме со прифаќањето на МПЦ-ОА како автокефална

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, оствари средба со поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, по повод одлуката за стекнување автокефален статус, со кој МПЦ-ОА се прифаќа како еднаква со другите сестрински цркви во православната заедница.
На средбата премиерот Ковачевски на архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, му го предаде писмото со честитки по тој повод во негово име и во име на Владата.
„Бидете горди и радувајте се затоа што на Вашата генерација ѝ припаднаa честа и подвигот МПЦ-ОА, како наследничка на древната Охридска архиепископија, да биде впишана како автокефална, еднаква со сите други, во диптихот на Вселенската патријаршија, во која се запишани сите канонски православни цркви во светот. Ваше блаженство, го избравте единствениот пат за решавање на заслужениот статус на МПЦ-ОА. Со оваа канонски исправна одлука, со радост и без најмала воздржаност, ќе ја дочекаме заедничката служба со претставниците на другите православни цркви во седиштето на Цариградската патријаршија, со која ќе се прифати МПЦ-ОА како рамноправна сестринска црква“, наведе Ковачевски во писмото.
Премиерот му честита и на народот на трпеливоста и на истрајноста, како и на вербата дека заслужуваат да го дочекаат денот кога ќе бидат прифатени во љубов и кога ќе се радуваат на возобновена Охридската архиепископија во лицето на МПЦ како еднаква и официјално прифатена во заедницата православни цркви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).