Свет
Русија: САД го прават НАТО светски полицаец

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко, денеска изјави дека Вашингтон се обидува да ја искористи наводната руска закана за Африка за да го претвори НАТО во светски полицаец.
Тој додаде дека глобалните амбиции на алијансата доведоа до катастрофални последици во Африка и на Блискиот Исток, објави „Спутник“.
Претходно, министрите за одбрана на Шпанија и Велика Британија изјавија дека, заедно со ситуацијата во Украина, проширувањето на влијанието и активностите на Русија во Африка е загрижувачка закана за безбедноста на земјите од НАТО и дека воената алијанса мора да го реши проблемот, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Зграда срамнета со земја за дел од секундата во Газа, израелски ракети ја погодија без грешка

Во југозападниот дел на Газа денеска се урна повеќекатна станбена зграда од околу 15 ката по масовно израелско бомбардирање. Според локални медиуми, цел на нападот била зградата „Суси“, која се наоѓа веднаш до комплексот „Руја“.
Израелската армија претходно упати предупредување до жителите да ја напуштат областа, наведувајќи дека објектот бил користен од Хамас за свои активности. Неколку минути подоцна, серија експлозии целосно ја срамнија зградата со земја, оставајќи зад себе густ облак прашина и урнатини.
ממשיכים pic.twitter.com/q4lwpHiUVx
— ישראל כ”ץ Israel Katz (@Israel_katz) September 6, 2025
На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа моментот на уривање, кој предизвика паника кај околните жители. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го сподели видеото од нападот со кратката порака „Продолжуваме“. Вчера, по уништувањето на друг станбен блок, Кац напиша „Започнавме“, што медиумите го толкуваат како сигнал за нова, поинтензивна етапа на операцијата во Газа.
View this post on Instagram
Регион
Албанија го отвора поглавјето „Зелена агенда“, последната фаза пред финалното членство

На 16 септември, Албанија ќе ја одржи следната меѓувладина конференција со Европската унија за отворање на групата поглавја „Зелена агенда“, потврдуваат официјални извори.
Според објавите, на 2 септември, Албанија ја поднела својата преговарачка позиција за ова поглавје, а отворањето ќе трае до 2 октомври, кога ќе биде одржана и меѓувладина конференција за последната група поглавја – „Земјоделство и кохезија“.
„Оваа есен се исполнува важна обврска за нашата земја. Отворањето на групните поглавја е клучен чекор, но најголемиот предизвик ќе биде нивното затворање, кое поминува низ долг процес на консултации и усогласување на законодавството“, оценија медиумите.
До сега, Албанија успеа да отвори четири од шестте основни групи поглавја: надворешни односи, внатрешен пазар, конкурентност и сеопфатен раст, кои се најважни и последни што се затвораат непосредно пред членството. Амбицијата на албанската влада е земјата да стане полноправна членка на ЕУ до 2030 година, но комесарката за проширување Марта Кос изрази оптимизам дека Албанија може да се приклучи веќе до 2029 година.
Ова отворање на поглавјата е значаен чекор кон европската интеграција, но аналитичарите предупредуваат дека реалните предизвици се во затворањето и усогласувањето на сите законски и административни стандарди со ЕУ.
Свет
Поради една грешка прекрасната Миа (23) доби доживотен затвор во Дубаи

Веста за 23-годишната Миа О’Брајан од Ливерпул ја потресе Велика Британија. Миа беше осудена на доживотен затвор во Дубаи и моментално е сместена во затворот Ал-Авир, кој некогаш се нарекуваше „Алкатраз на Дубаи“.
Според британските медиуми, Ал-Авир е познат по своите сурови услови, поранешни затвореници пријавиле тортура со електрични шокови, сексуална злоупотреба и одбивање на лекови.
„Една глупава грешка“
Приказната ја откри скршената мајка на Миа, Даниел Макена, која се обиде да собере пари за правна помош преку страницата „GoFundMe“. Мајката вели дека Миа, која студирала право, „паднала под влијание на погрешни луѓе“ и направила „една глупава грешка“ што довело до нејзино апсење минатиот октомври. Семејството сè уште не објавило за кое кривично дело е осудена.
Во Обединетите Арапски Емирати, доживотни казни затвор можат да се изречат за различни кривични дела, вклучувајќи трговија со дрога, убиство, обид за убиство, трговија со луѓе или тероризам.
Затворот Ал-Авир
Миа е задржана во централниот дел од затворот Ал-Авир, каде што мажите и жените се одделени при влегувањето. Жените се задржани во едно од четирите одделни крила.
Карл Вилијамс, кој беше затворен во 2012 година, опиша убиства меѓу затворениците и тортура со електрични шокови. Други поранешни затвореници рекоа дека затворениците биле принудени да потпишуваат документи со пиштол.
„Хјуман рајтс воч“ известува дека на најмалку четири ХИВ-позитивни затвореници им е одбиен третман до пет месеци, а имало и случаи на тортура и злоупотреба на постари и помлади затвореници. Властите во Дубаи ги негираат сите обвинувања.
Што може да очекува Миа?
Затворениците треба да добијат душек, ќебе и перница, но често има доцнења во нивното доставување. Семејните посети се дозволени еднаш неделно, но можат да се откажат без претходна најава, а телефонските повици мора да бидат одобрени од чуварите.