Македонија
Стојаноски: Власта ги остава пациентите без терапија затоа што го местат тендерот на фирма од Турција
Во изминатиот период има ситуација што е загрижувачка и која Владата не ја администрира добро како и повеќе ситуации во повеќе сфери, а тоа е се работи за реакција од Здружението за ретки болести дека нема набавено, односно има отсуство на терапија за ретки болести, меѓу кои и за три типови на канцер, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната собраниска седница.
Стојаноски посочи дека има отсуство на терапија затоа што Агенцијата за лекови доцни со тендерот, а доцни затоа што треба да го добие фирма од Турција, која се регистрирала во Македонија во 2022 година, и Здружението за ретки болести се плаши од паралелен увоз на лекови, со кои ќе се внесуваат лекови што нема да одговорат на потребите.
„Да беше тендер за РЕК или друга институција, каде што може да украдат пари, досега 100 пати ќе беше распишан, но за пациентите од ретки болести нема тендер. Дури и кога се работи за здравјето на луѓето власта нема никаква светост и, пред сè, им е профит од местени тендери“, рече Стојаноски.
Тој истакна дека тендерот требаше да биде почнат на почетокот на годината и дека родители и членови на Здружението за ретки болести упатија апел и молат да се набават лекови за колоректален карцином и карцином на дојката.
Стојаноски потенцира дека во јавноста е актуелен уште скандалот од тежина 20-30 милиони евра во УЈП, кој власта се труди да го забошоти.
„Можевме да ја видиме директорката и потпретседателка на СДСМ во емисија, потврди дека се случил, но дека не се водела истрага со месеци. Додека не објави опозицијата, никој од оваа држава не се јави да каже за скандалот. Директорката на УЈП не кажа до каде е постапката и дали има инволвирани од власта и дали поради вмешаност на функционери од СДСМ и ДУИ се забошотува скандалот“, прашува Стојаноски.
Стојаноски исто така во врска со вчерашното однесување на Талат Џафери, кој направи еклатантно прекршување и на Деловникот и на Кривичниот законик, ги заклучи вратите во Собранието, кое е казниво со затвор.
„Дали Ковачевски го виде тоа и го осудува ваквото однесување или ќе каже дека вратата сама се заклучила? Вашето поведение не е смешно, не е ниту трагично, туку е жалосно“, изјави Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

