Свет
Украинскиот премиер ја објави штетата што Украина ја претрпела од почетокот на војната
Украинскиот премиер Денис Шмигаљ изјави дека руската инвазија на неговата земја уништила повеќе од 25.000 километри патишта, неколку стотици мостови и 12 аеродроми. Зборувајќи за Би-Би-Си, Шмихал рече дека повеќе од 100 образовни институции, над 500 медицински установи и 200 фабрики се исто така уништени или оштетени.
„Околу 35 отсто од економијата не функционира во моментов“, рече тој. Повеќе од 300.000 квадратни километри земја се минирани или контаминирани со бомби. Шмигаљ процени дека е изгубен 30 до 50 отсто од БДП на земјата. Месечниот буџетски дефицит е 5 милијарди долари.
Според различни проценки, директната штета на инфраструктурата и економијата е околу 600 милијарди долари. Шмигаљ рече дека владата издвоила повеќе од 50 милијарди долари за сегашната реконструкција, каде што е можно.
„Сакаме да изградиме нова држава“
Следната фаза ќе биде реконструкција на големата инфраструктура, како што се снабдувањето со електрична енергија и вода, како и реконструкција на мостови и патишта, рече тој. Третата фаза, додаде, ќе биде „големата обнова на нашата земја“.
„Ние не сакаме само да обновиме тули и бетон. Ние сакаме да изградиме нова држава“.
Премиерот рече дека за тоа ќе бидат потребни украински средства, меѓународна помош и руски пари.
„Убедени сме дека агресорот мора да плати за уништувањето што го направи. Тоа треба да биде јасно, на сметка на замрзнатиот руски имот – запленет и пренесен во Украина за заедничка обнова на нашата држава“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.