Забава
Прекинато снимањето на филмот на Хали Бери поради ризик од експлозија
Снимањето на новиот шпионски трилер со Хали Бери и Марк Волберк било прекинато кога техничкиот тим пронашол сомнителен предмет.
Медиумите пренесуваат дека полицијата веднаш пристигнала на сетот на „Нашиот човек од Џерси“ во Лондон откако тимот предупредил за потенцијално смртоносна муниција што можела да предизвика експлозија.
Скотланд Јард потврди во соопштение: „Полицијата беше повикана и веднаш се упати на локацијата по пријава за предмет опишан како петрон. Утврдено е дека станува збор за оштетен балонски канистер со гас и полицајците го отстранија“.
Анонимен извор ја опиша драмата во изјава за британски „Дејли мејл“: „Беше доста алармантно и не се двоумевме да се јавиме во полиција, која пристигна доста бргу“.
Новиот акционен трилер на Бери, опишан како ‘Џејмс Бонд со сина вратоврска’, се снимаше во судот за прекршоци во Камбервел Грин, југоисточен Лондон, кога беше пронајден канистер за кој се посомневале дека е оружје.
Други локации што се користат за снимање се станицата „Кингс Крос“ и „Алберт бриџ“ во Челси, каде што беа забележани статисти облечени како полицајци и хеликоптер што лебди над структурата.

Our Man From Jersey („Нашиот човек од Џерси“) е сторија за градежен работник (Волберг) кого неговата поранешна девојка Роксана (Бери) го внесува во светот на шпионите во рамките на разузнувачка мисија.
По здружувањето со „Нетфликс“ за нејзиното режисерско деби Bruised, 55-годишната оскаровка Хали Бери стана дел од актерскиот тим на „Нашиот човек од Њу Џерси“ за стриминг-платформата.

Марк Волберг глуми во Father Stu („Отец Сту“), кој моментно се прикажува во кината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Пет намирници што треба да ги избегнувате во зима
Стручњаците наведуваат дека некои намирници не се добар избор во зимскиот период бидејќи не се во сезона, имаат послаб вкус и помалку хранливи материи.
Праски – летните се слатки и сочни, а зимските увезени и со слаб вкус. Наместо нив препорачливо е цитрусно овошје (портокали).
Грашок – пролетниот е сладок, а зимскиот брашнаст и без вкус. Најдобар избор е смрзнат грашок, берен во сезона.
Јагоди – зимските губат мирис, вкус и хранливи материи. Подобри се смрзнати шумски јагоди.
Домати – летниот е најквалитетен; зимскиот од ладилници има помалку свежина.
Боровинки – зимските се скапи, брзо се расипуваат и имаат помалку витамин Ц. Препорака е смрзнати боровинки, кои ги задржуваат антиоксидансите.
Забава
Четири хороскопски знаци ги очекува финансиско изненадување во декември, конечно ќе бидат наградени за трудот
Неколку хороскопски знаци во декември 2025 година можат да очекуваат професионално признание и подобра финансиска состојба – преку покачување, бонус или понуда за подобра работа.
Јарец
Годината ја поминале со дисциплина и одговорност, па во декември добиваат покачување или унапредување. Трудот конечно им се наградува.
Девица
Нивниот перфекционизам и внимателната работа добиваат признание. Во декември ги очекува пофалба од претпоставените и веројатно финансиска награда.
Шкорпија
Крајот на годината носи неочекувани можности – дополнителни проекти или премин на подобро платена позиција. Нивната тивка упорност доаѓа до израз.
Овен
Биле пострпливи од вообичаено и тоа им се исплаќа. Во декември следува изненадно покачување, бонус или нова одговорна улога. Одлучноста им е забележана и ценета.
Забава
Колку заработува Мараја Кери секоја година од нејзиниот најголем хит?
Декември почна, а празничната сезона е во полн ек. Додека домовите се украсени, а градските плоштади блескаат, една песна неизбежно станува саундтрак на сезоната – „All I Want For Christmas Is You“ од Мараја Кери. Но, дали некогаш сте се запрашале колку заработува Кралицата на Божиќ од нејзиниот безвременски хит?
Одговорот можеби ќе ве изненади.
Овој глобален феномен, кој ги руши сите рекорди за слушање, е создаден неверојатно брзо. На Кери и нејзиниот соработник Валтер Афанасиев им требаа само 15 минути да ја напишат и компонираат песната. Објавена во 1995 година, песната стана апсолутен божиќен класик во текот на изминатите три децении.
Иако ниту пејачката ниту нејзиниот тим никогаш официјално не ги открија точните износи, новинарите се обидоа да дојдат до проценки. Според извештајот на „Њујорк пост“, Мараја Кери наводно заработува неверојатни 3 милиони долари секоја година од оваа песна. До 2021 година, вкупната заработка од објавувањето на песната надминала 60 милиони долари.
За да биде уште поимпресивно, ова значи дека пејачката заработува 316 долари на час само од оваа една песна.
Успехот на песната „All I Want For Christmas Is You“ ги надмина дури и нејзините најлуди очекувања. Во интервју за „Billboard“, таа призна дека немала поим дека песната ќе стане таков светски феномен.
„Како можев? Беше толку рано во мојата кариера, а повеќето млади уметници во тоа време не правеа божиќна музика на почетокот на нивните кариери“, додаде таа.
фото/ЕПА

