Забава
(Видео) Остин Батлер блеска во биографскиот филм за Елвис Присли
Австралискиот режисер Баз Лурман се враќа со опоен поглед на Елвис Присли. Кој подобро од еден од најголемите шоумени на кинематографијата да ни донесе биографски филм за кралот на рокенролот?
Неговиот театарски бренд на филмски остварувања, со целиот негов луд хедонизам, во филмовите како „Мулен Руж!“ и „Големиот Гетсби“, му прилега на Елвис како ракавица со кристали, пишуваат филмските критичари во своите рецензии.
Премиерно прикажан надвор од конкуренцијата на Канскиот филмски фестивал, „Елвис“ е диво возење од 159 минути, кое ги носи гледачите од раните години на пејачот во Мемфис, Тенеси, до неговата смрт во 1977 година, на 42-годишна возраст.
Во филмот, кој никогаш не престанува да вибрира, како раѓањето на рокенролот да се случува токму пред вас.
Според повеќето филмски критичари, „Елвис“ е брилијантно отелотворен од Остин Батлер, младиот Американец што се појави во „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино.
Овде, неверојатно, тој ги доловува сценското присуство на Елвис, ритамот на неговиот глас и неговата сè поголема осаменост.
Приказната ја раскажува менаџерот на Елвис, полковникот Том Паркер (Том Хенкс), сомнителен лик, кој првпат го гледа својот млад штитеник на сцената со „мрсна коса и шминка за девојки“.
Тој го обликува Присли во ѕвезда.
Користејќи ги неговите песни (сè од Hound Dog до In the Ghetto) за да ја раскаже приказната не само за него туку и за турбулентната Америка, која минува низ радикални промени во тоа време, „Елвис“ му оддава искрена почит на еден од најголемите забавувачи во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.
Забава
(Видео) Ен Хатавеј доживеа незгоден момент во шоуто на Џими Фалон
41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон. Ен е една од ѕвездите на филмот The Idea of You, каде ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин.
Филмот е снимен на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Актерката имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја спомна книгата на Робин и ентузијастички ја праша публиката: „Дали некој овде ја прочитал книгата?“
“We don’t read. This is the Tonight Show. You wanna go over to Stephen Colbert if you wanna get people that read books.”
You could hear a PIN DROP I’m fucking crying help ??? 💀 pic.twitter.com/0B6Q0b53jY
— Taylor Robinson (@finelytaylored) April 30, 2024
Одговорот на публиката беше – целосна тишина. Од нејзиниот израз се виде дека е засрамена и шокирана од недостатокот на реакција на публиката, но Џими Фалон веднаш се вклучи за да ја спаси.
Тој рече: „Не, не читаме“. Таа досетка ја прекина тензијата во студиото, а публиката и актерката се насмеаа.