Забава
„Топ ган: Маверик“ заработи 100 милиони долари на отворањето
Новиот „Топ ган“ со холивудската суперѕвезда Том Круз во првиот премиерен викенд оствари заработка од 100 милиони долари на киноблагајните.
Круз во „Топ Ган: Маверик“ ја репризира улогата на пилотот на американската морнарица Пит (Маверик) Мичел од оригиналниот филм од 1986 година.

Во првите три дена во кината во Северна Америка продолжението заработи речиси 124 милиони долари од продажба на билети, објави во неделата „Парамаунт пикчрс“.
„Овие резултати се одлични, претерано фантастични“, рече Крис Аронсон, претседател за домашна дистрибуција на „Парамаунт“.
„Среќен сум за сите. Среќен сум за компанијата, за Том, за филмаџиите“.
Претходниот најголем премиерен викенд на филм на Круз беше во 2005 година со „Војна на световите“, кој забележа заработка од 64 милиони долари на отворањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Колку заработува Мараја Кери секоја година од нејзиниот најголем хит?
Декември почна, а празничната сезона е во полн ек. Додека домовите се украсени, а градските плоштади блескаат, една песна неизбежно станува саундтрак на сезоната – „All I Want For Christmas Is You“ од Мараја Кери. Но, дали некогаш сте се запрашале колку заработува Кралицата на Божиќ од нејзиниот безвременски хит?
Одговорот можеби ќе ве изненади.
Овој глобален феномен, кој ги руши сите рекорди за слушање, е создаден неверојатно брзо. На Кери и нејзиниот соработник Валтер Афанасиев им требаа само 15 минути да ја напишат и компонираат песната. Објавена во 1995 година, песната стана апсолутен божиќен класик во текот на изминатите три децении.
Иако ниту пејачката ниту нејзиниот тим никогаш официјално не ги открија точните износи, новинарите се обидоа да дојдат до проценки. Според извештајот на „Њујорк пост“, Мараја Кери наводно заработува неверојатни 3 милиони долари секоја година од оваа песна. До 2021 година, вкупната заработка од објавувањето на песната надминала 60 милиони долари.
За да биде уште поимпресивно, ова значи дека пејачката заработува 316 долари на час само од оваа една песна.
Успехот на песната „All I Want For Christmas Is You“ ги надмина дури и нејзините најлуди очекувања. Во интервју за „Billboard“, таа призна дека немала поим дека песната ќе стане таков светски феномен.
„Како можев? Беше толку рано во мојата кариера, а повеќето млади уметници во тоа време не правеа божиќна музика на почетокот на нивните кариери“, додаде таа.
фото/ЕПА
Забава
(Фото) Холивудска ѕвезда се породи и објави фотографија од болница: „Беше лудо возење“
Актерката Ванеса Хаџинс и нејзиниот сопруг, поранешниот играч на МЛБ, Кол Такер, добија уште едно дете.
Тие ја споделија добрата вест на „Инстаграм“ со фотографија од мајката и детето од нивниот болнички кревет.
View this post on Instagram
„Па… успеав. Донесов уште едно бебе на свет! Породувањето е навистина неверојатно искуство. Голема почит до сите мајки. Неверојатно е што може да направат нашите тела“, напиша Хаџинс покрај фотографијата давајќи им до знаење на многумина дека таа и нејзиниот сопруг го добија своето второ дете.
Полот и името на нивното второ дете не се откриени, а претставниците на познатиот пар за медиумите не ја коментираа оваа добра вест.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Хаџинс и Такер станаа родители првпат во јули 2024 година. Тогаш добија син, чие име сè уште не е познато.
Ванеса еднаш зборуваше за својата нова улога – улогата на мајка и истакна дека мајчинството е најисцрпувачката работа на светот.
View this post on Instagram
„Ми дозволи да забавам и да уживам во моментот. Лесно е секогаш да гледаш напред, но најважно е она што е пред тебе сега“, рече таа.
Забава
(Видео) Лорен Санчез го покажа лицето и шокира многумина
Лорен Санчез неодамна присуствуваше на американската емисија „Добро утро, Америко“, а странските медиумски фотографи ја фотографираа пред студиото во Њујорк.
Иако сопругата на Џеф Безос се смета за дама што често прави грешки при изборот на модни парчиња, се чини дека овој пат побарала совет од стилист.
Имено, за оваа посебна пригода таа носеше монохроматско издание – црна облека надополнета со струкиран капут. Ова шик парче се карактеризира со едноставен крој, но и преголеми ракави.
Таа додаде и црвена кожена чанта во својот избор, како и длабоки црни чизми. Сепак, најголемо внимание привлече нејзиното лице, кое, како што може да се види, го „доработила“ за нејзиното појавување во американската емисија.
Филерите и ботоксот беа многу забележливи, а луѓето едвај ја препознаа…

