Македонија
Ристова: Изгласани се измените на Законот, следува исплата на субвенциите за 20.000 тутунари
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од група пратеници од пратеничката група на СДСМ, истакна пратеничката од оваа партија, Лолита Ристова.
Како што рече таа, по четири месеци одолговлекување од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно притиснати од јавните критики за нивното неодговорно однесување и тие учествувале во гласањето на овие измени.
„Со измените на Законот им се олеснува постапката на примателите на субвенции, односно тутунопроизводителите кои не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни целата постапка и веднаш да ги добијат субвенциите кои им следуваат.
Важно е да се истакне и дека со измените на Законот се зголемува поддршката за набавка на гориво на земјоделските стопанства од 50 на 100 отсто од вредноста на горивото.
Ова во време на светска енергетска криза и раст на цените на горивата е особено значајна помош која ќе ги намали производствените трошоци и ќе придонесе за конкурентно земјоделско производство.
Со усвоените измени се отстранува пречката за исплата на субвенции кон 20.000 тутунопроизводители.
Веќе во следните денови почнува исплатата на субвенциите кон над 20.000 семејства во вкупен износ од една милијарда и 300 милиони денари, односно над 21 милион евра.
Овие средства се обезбедени уште на почетокот на годината и исплатата ќе почне штом законските измени се објават во Службен весник“, нагласи Ристова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.