Регион
Се запали багер во центарот на Загреб, удрил во цевка за гас
Несреќа се случила во центарот на Загреб кога се запалил багер кој бил користен за поправка на пукната цевка. Се претпоставува дека багерот удрил во цевката за гас и го запалил плинот, пренесува Индекс.хр.
– На интервенција дојдоа пет противпожарни возила и 16 пожарникари кои ја разладија машината и ги изгаснаа пламените јазици високи над десет метри. Изгореле и трамвајските жици кои паднале на подот, а со тоа настанала голема искра – наведуваат од Загребската јавна противпожарна бригада и додаваат дека возачот на багерот е повреден и итно пренесен во болница.
Жителите на околните згради велат дека се чувствува мирис на гас и дека пламените јазици на моменти стигнувале до покривите. Тие рекоа и дека биле забележани неколку блесоци, а потоа и звук на силна петарда, пренесува Индекс.хр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Многу е тешко да се предвиди што е следно“: серијата земјотреси околу Санторини ги збуни геолозите
Грчкиот остров Санторини и неговата околина продолжуваат да се тресат, а десетици илјади луѓе се евакуирани. Тековните земјотреси најверојатно се предизвикани од серија движења на раседот, но тие се многу невообичаени, изјави Дејвид Пајл, професор по геологија на Универзитетот во Оксфорд, за LiveScience.
– Проблемот со овој настан е што гледаме земјотрес по земјотрес. Сè се случува под вода и многу е тешко да се предвиди што ќе се случи следно“, вели Пајл, кој го проучувал вулканот Санторини.
Егејското Море се наоѓа на мала плоча од Земјината кора, која се протега додека африканската плоча се лизга под евроазиската плоча. Ова истегнување, додаде тој, доведува до движења на раседите кои потоа предизвикуваат земјотреси.
„Областа е малку повеќе погодена отколку во 2011 и 2012 година, а стапката на откриени земјотреси е поголема, но фокусот е надвор од вулканот“, рече Пајл.
Повеќето земјотреси се случија помеѓу вториот подводен вулкан Колумба, кој се наоѓа на 7 километри североисточно од Санторини и малиот остров Анидрос.
Иако научниците веруваат дека овој пат земјотресите се активирани од движењето на тектонските плочи, не сите се сигурни дали постои поврзаност помеѓу серијата земјотреси и потенцијалната вулканска активност кај Колумбо.
„Ние навистина не знаеме многу за системите за снабдување со длабока магма на вулканите“, рече Пајл.
Вулканот Колумбо последен пат еруптираше во 1650 година, кога предизвика катастрофално цунами што ги опустоши островите во регионот.
Санторини бил обликуван од таканаречената минојска ерупција пред околу 3.600 години. Истиот вулкан имал „една од двете најголеми ерупции во овој дел од светот“ пред околу 520.000 години.
Регион
Во петок повторно бојкот на маркети во Хрватска, се очекува да има и во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово
Потрошувачката платформа „Ало, инспекторе“ најави обновен генерален бојкот на продавниците и услугите поради рекордни цени за петок, 7 февруари и седумдневен бојкот на еден малопродажен синџир од сабота.
Јосип Келемен, советник на платформата „Ало, инспекторе“, рече дека Србија, Босна и Херцеговина, Македонија повторно ќе бојкотираат, а ќе се приклучи и Косово.
„Потрошувачите побараа од нас да не се откажуваме и да продолжиме понатаму. Почнуваме сè повторно: од трговски синџири, пекари, услуги, производи“, изјави Келемен за новинарите во Загреб.
Тој најави дека овој петок ќе се бојкотира секоја форма на купување производи и услуги, а од сабота ќе се одржи и бојкот на еден малопродажен синџир. Граѓаните ќе одлучат за кој ланец ќе биде тоа во анкета објавена на Фејсбук страниците на платформата.
Келемен додаде дека анкетата отворена денеска побудила голем интерес кај граѓаните поради што двапати „падна серверот“.
Според него, трговците не ја разбрале пораката од претходните два генерални бојкоти.
Во Хрватска денеска завршува седумдневниот бојкот на три трговски синџири: Лидл, Еуроспин и ДМ и три производи – флаширана вода, газирани пијалоци и детергенти.
Бојкотите беа поддржани од синдикатите, опозицијата и владата.
Како мерка за помош на граѓаните во борбата против високите цени, Владата одлучи да ја прошири листата на производи со ограничени цени на 70 производи, наместо досегашните 30.
Премиерот Андреј Пленковиќ рече дека државата реагирала, но дека сега мора да се вклучат и други, оценувајќи дека „никој немаше да банкротира ако цените беа малку поумерени“.
Хрватските медиуми пишуваат дека многу хрватски граѓани кои живеат во пограничните области на земјата се повеќе избираат да купуваат во Словенија и Италија, каде што цените на разни стоки се пониски.
Регион
(Видео) Нов силен земјотрес на Санторини, улиците се празни, илјадници жители и туристи продолжуваат да го напуштаат островот
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11.35 часот во областа Санторини.
Епицентарот на земјотресот повторно бил во близина на селото Оја, на 25 километри североисточно.
CCTV footage of 5.1 Earthquake in Santorini, Greece
February 04, 2025 #sismo #temblor #Santorini pic.twitter.com/SstljG0iLK— Disasters Daily (@DisastersAndI) February 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 14 километри под површината на земјата.
Ова подрачје од утрово е погодено од најмалку 30 земјотреси посилни од 3 степени според Рихтеровата скала, а од утринава ова е трет земјотрес со јачина над 4 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес со јачина од 4 степени е регистриран утрово во 4.16 часот, со епицентар на 18 километри од Аркесини на Аморгос, на длабочина од 10,8 километри, јави „Прототема“.
Вториот земјотрес со јачина од 4,3 степени бил пет минути подоцна, со епицентар на 17 километри од Аркесини, на длабочина од 11,8 километри.
Поради постојаната сеизмичка активност, засилени се силите на противпожарните единици на „Јужен Егеј“, а мобилниот оперативен центар „Олимпос“ пристигна во Санторини со дополнителни екипи, вклучувајќи кучиња за спасување и дронови.
Вкупно 51 пожарникар и девет возила се распоредени на островот, а слични сили беа испратени и на другите острови, како Аморгос, Јос и Наксос, каде што хеликоптерот на противпожарната служба е во подготвеност.
Грчкиот весник пишува дека улиците на Санторини се празни и дека личат на времето од пандемијата на коронавирусот.
Илјадници жители и туристи продолжуваат да го напуштаат островот, а многу од улиците на Санторини се затворени со полициски ленти за да не се загрози безбедноста на граѓаните.
Санторини исто така е во состојба на готовност бидејќи локалните власти се загрижени поради кражби по заминувањето на приближно 11.000 жители, кои ги напуштија своите домови.
Полициските сили беа ставени во состојба на готовност, со интензивни патроли и блокади на патиштата, во обид да спречат евентуални упади.
Многу училишта на островите Киклади, вклучувајќи ги Миконос, Наксос, Парос, Патмос и Лерос, ја прекинаа наставата поради можна закана од дополнителни земјотреси.
Апликацијата на Министерството за дигитална администрација MiSaFeTiPlan, која покажува каде во државата има отворени простори на кои жителите од овие области може да најдат безбедно засолниште во случај на природни катастрофи, од денеска е достапна за корисниците на интернет.
Професорот по сеизмологија и поранешен претседател на Грчкото здружение на експертите за земјотреси, Димитрис Папаниколау, утринава изјави дека очекува силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала.
„Требаше да внимаваме да не градиме на падините. Доколку се случи земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, најверојатно ќе се откинат големи парчиња и ќе имаме слични последици и за зградите“, рече тој.