Забава
Животот е плажа: Бриел Бирман го впива сонцето на Бахамите

Бриел Бирман во вторникот го покажа своето совршено обликувано тело во нова серија фотографии на социјалните мрежи.
25-годишната ѕвезда на реалити ТВ-серијата Don’t be Tardy ги информира своите следачи на Инстаграм дека минатиот викенд го поминала на плажа во Насау на Бахамите, место каде што често одмора во текот на летото.
Инфлуенсерката на себе има портокалово бикини од SaltyK Swim, компанијата на мајка ѝКим Золчиак-Бирман, кој одлично ѝ прилега на нејзиниот бронзен тен.
„Животот е плажа“ напиша таа во објавата на Инстаграм, каде се гледа како се забавува со својот пријател, инфлуенсерот Тај Френч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Парите доаѓаат од сите страни: три знаци кои ќе доживеат финансиска експлозија

За три хороскопски знаци, астролозите предвидуваат дека влегуваат во период кога ќе имаат приливи од сите страни, затоа проверете дали сте на листата „избрани“.
Астролозите проговорија – три хороскопски знаци влегуваат во период на финансиска експлозија. Небото им ги отвора вратите на богатството, а парите им доаѓаат од сите страни: работа, профит, подароци, можеби дури и наследство.
Ако сте еден од нив – време е да се подготвите за животот од вашите соништа!
Близнаци – неочекуван пресврт на настаните
Сè што сте планирале досега, сега се остварува – и со дополнително финансиско изненадување. Близнаците ќе добијат изненадувачка понуда или шанса што не треба да ја пропуштат. Ќе имаат повеќе од доволно за сè – од шопинг до улога во нешто поголемо.
Вага – Парите постојано доаѓаат
Вагата ќе почувствува како универзумот конечно да ги наградува. Сите парчиња се ставаат на свое место – долговите се отплаќаат, се отвораат нови деловни можности, па дури и старите познаници можат да донесат профит. Ако сте Вага, време е да отворите нова сметка – ќе ви треба.
Јарец – време е за наплата на трудот
Јарците долго време работеа тивко и посветено, а сега е време да профитираат од сето тоа. Голем деловен успех, зголемување на платата, па дури и споредна работа ќе донесат сериозни пари. Очекувајте можност од странство или голем проект што ќе ве лансира во сосема нова финансиска лига.
Не заборавајте, дури и ако вашиот знак не е на листата, не очајувајте. Судбината може да ве изненади кога најмалку очекувате.
фото: принтскрин
Забава
САД го потврдија своето учество на таканаречената руска евровизија, познато и кој пејач ќе ги претставува

Учеството на меѓународниот музички натпревар Интервизија во Русија го потврдија и САД, покрај 20 други земји од светот. САД ќе го испратат пејачот Брендон Хауард на натпреварот, кој ќе се одржи во Москва на 20 септември.
Постојат шпекулации дека Хауард е син на Мајкл Џексон иако нема докази што ги поткрепуваат овие тврдења.
Меѓу учесниците се Белорусија, Киргистан, Венецуела, Куба, Катар и Казахстан.
Русија ќе ја претставува поп-пејачот Шаман, кој беше санкциониран од ЕУ поради учество на концерти организирани од Кремљ.
Интервизија, алтернативата на Евровизија од советската ера, се одржуваше од 1965 до 1968 година и од 1977 до 1980 година во Чехословачка и во Полска.
Откако на Русија ѝ беше забрането учество на Евровизија 2022 поради војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин повторно ја иницира организацијата на Интервизија.
Забава
(Видео) Нормален ден во Бангладеш – автобуси се гребат во сообраќајниот хаос

Во Бангладеш возењето автобус не е само средство за транспорт, туку искуство што го одразува секојдневниот живот на земјата.
Автобуси од сите облици и големини ги преполнуваат патиштата, од стари, преоптоварени минибуси, покриени со боја и слогани, до автобуси на долги релации, што поврзуваат далечни градови.
View this post on Instagram
Неколку факти:
Голем метеж: Дакa, главниот град, е еден од најгусто населените градови во светот, со сообраќаен хаос, што изгледа како организиран неред;
Разновидни автобуси: на улиците навистина има и стари, шарени, често импровизирано поправани автобуси со рачно насликани декорации, како и поголеми меѓуградски автобуси;
Начин на качување: речиси нема фиксни автобуски станици во градот – автобусите застануваат каде што ќе им се сигнализира;
Преполнетост: често патниците висат на вратите, стојат на скалилата или седат на покривите – нешто што на странците им изгледа небезбедно, но е дел од секојдневието таму;
Функционалност: иако изгледа хаотично, системот навистина работи и секојдневно пренесува милиони луѓе.