Забава
Џони Деп го доби спорот, Амбер Херд е прогласена за виновна
Поротата одлучи дека Амбер Херд, поранешната сопруга на Џони Деп, мора да му плати отштета од 15 милиони долари за клевета во напис објавен во „Вашингтон пост“.
Поротниците потврдија дека едногласно пресудиле во корист на Џони Деп по првите две точки. Тие одлучија дека Амбер Херд постапила со вистинска злоба при објавувањето на статијата во „Вашингтон пост“.
Амбер сепак доби 2 милиони долари отштета во својата противтужба.
Поротата утврди дека Деп ја наклеветил Херд – но тоа било преку неговиот адвокат, Адам Волдман. Од барањето за оштета од 100 милиони долари, таа доби само 2 милиони долари компензациска надокнада и никаква казнена отштета.
Интернетот е воодушевен од пресудата. Откако судот пресуди во корист на Џони Деп, на интернет продолжуваат ентузијастичките реакции од луѓето ширум светот
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Отворен нов датум за новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“ на 14 јануари – првиот е распродаден
Поради огромниот интерес и целосно распродадениот прв датум на новогодишното музичко шоу со кабаре „Еуфорија“, најавена е втората изведба!
Втората претстава е закажана на 14 јануари 2025 година, нудејќи нова можност за сите кои не успеаја да го обезбедат своето место за ова долгоочекувано сценско доживување.
Само неколку дена по објавувањето на овој настан, билетите за претставата на 30 декември беа распродадени. Тоа ја потврдува желбата на публиката за нови, иновативни сценски проекти кои ги редефинираат границите на уметноста. „Еуфорија“ успеа да предизвика возбуда уште пред првата завеса да се крене, покажувајќи дека културата и автентичниот уметнички израз се во фокусот на интересот на домашната публика.
Несекојдневен спектакл што ги комбинира танцот, музиката и театарот во едно неверојатно уметничко дело. Со грандиозна продукција, смели кореографии и извонредни изведби, ова кабаре го носи духот на модерната сценска уметност директно на македонската сцена.
Да потсетиме, овој уникатен настан носи повеќе од 30 артисти – танчери, акробати, балерини, вокалисти и актери, една нова генерација на креативци кои со својот талент, иновативни идеи и страст го претвораат секој момент во жива уметничка сцена. Со преку 130 спектакуларни костими, танцувајќи во експлозивен ритам, изведувачите ќе ви раскажат една исклучителна приказна – приказна која ги спојува стилот, танцот и музиката во три различни сегменти. Првиот дел – класичното кабаре кое ќе ве пренесе во светот на елеганцијата и ретро гламурот. Вториот дел – модерното кабаре кое оживува со смели движења, акробации и моќна енергија што го истакнува современиот дух на сцената. Финалето ќе ве понесе со најголемите балкански и светски хитови, претворајќи ја сцената во еуфорична забава.
Ова не е само обично шоу – тоа е брилијантна фузија на уметност, гламур и страст кое ги обединува сите генерации, затоа подгответе се за вечер која ќе ве остави без здив!!
Забава
Тарантино појасни кои филмови одбива да ги гледа
Квентин Тарантино е познат по својата критика на филмската индустрија и често ја нагласува важноста на оригиналноста во приказните. Во разговор со Брет Истон Елис, Тарантино откри дека не го интересираат филмските преработки.
Тој рече дека неколку пати ја гледал оригиналната адаптација на „Дина“ на Дејвид Линч и не сака да ја гледа повторно. Оригиналната верзија на „Дина“ од 1984 година се смета за еден од најслабите филмови на Линч, додека најновата верзија е пофалена. За Тарантино општ проблем е концептот на преработките.
„Еден римејк по друг, само бескрајно повторување. Луѓето ме прашуваат: Дали сте го гледале „Дина“? А јас велам, не, не“, рече Тарантино.
Режисерот зборуваше и за новата верзија на „Талентираниот г-дин Рипли“ на Нетфликс со Ендрју Скот. Тој нагласи дека не гледа поента во постојано повторување на истата приказна.
„Има шест или седум книги за Рипли. Ако веќе правите нова верзија, зошто ја правите истата приказна што е снимена двапати? Ја гледав приказната двапати, но не ми се допадна во ниту една верзија. Сега навистина не ме интересира да ја гледам по трет пат“, објасни Тарантино.
Одбивањето на Тарантино да гледа преработки се заснова на неговото верување во моќта на оригиналните приказни кои досега не биле видени. Како што тврди, оригиналноста е она што ги дефинира добрите филмови, а ако приказната не е нова, тогаш верува дека едноставно не е за него.
На почетокот на овој месец тој го пофали филмот кој многумина го нарекуваат неуспех на годината – „Џокер“.
Тој особено ги пофали актерските способности на Хоакин Феникс. Изјави дека ова е една од најдобрите актерски изведби што ги видел. Иако на многумина им пречи тоа што „Joker: Folie a Deux“ наликува на мјузикл, Тарантино смета дека е генијален.
Забава
Меган Фокс за прв пат во јавноста по веста за бременоста
Меган Фокс првпат е фотографирана во јавноста по веста за нејзината бременост.
36-годишната манекенка и актерка неодамна откри дека го очекува своето прво дете со партнерот Машин Ган Кели.
Сега таа беше фотографирана во продавница во Лос Анџелес, каде што спремно им позираше на фотографите. Таа се појави во проѕирен фустан кој го истакна нејзиниот труднички стомак.
Меган е веќе мајка на три деца – со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин ги има синовите Ноа (10), Боди (9) и Џорни (6).