Македонија
Куршумли ан блесна во боите на Италија, прославен денот на италијанската република

Во присуство на повеќе од 300 гости, амбасадори, политичари, владини функционери, уметници и пријатели на Италија, вчеравечер во Куршумли ан беше прославен Денот на Италијанската Република, 2 јуни.
Гостите имаа несекојдневна привилегија да уживаат во настапот на историското друштво од Кастиљон Фиорентино, кое преку своите трубадури и вејачи на знамиња ја претстави италијанската средновековна традиција на веење знамиња, која датира уште од 13 век.
Претставата совршено се вклопи во магичниот амбиент на Куршумли ан, кој за оваа прилика беше свечено уреден и осветлен во боите на италијанското знаме.
По интонациите на двете химни, Амбасадорот на Република Италија, Андреа Силвестри ги потенцираше одличните билатерални односи и соработка која особено се интензивира во последните неколку месеци преку билатерални средби на високо ниво.
Разновидната понуда на врвни италијански специјалитети и некои од најпознатите италијански брендови како PERONI, ILLY и SELECT беше надополнета со прекрасна италијанска музика.
Воедно, волшебно и величествено изгледаше проекцијата на песната „Воларе“ од македонскиот тенор Благој Нацкоски….
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.