Регион
Пчели нападнале двајца мажи во Словенија, еден починал на пат кон болница

Во околината на Шкофја Лока во Словенија вчераутро две лица биле нападнати од пчели, а едно починало од убоди.
Пожарникарите и спасувачите згрижиле еден маж, додека друг починал на пат кон болницата во Љубљана.
– До пристигнувањето на спасувачите, пожарникарите на ПГД Буковица им пружиле прва помош на повредените – јавува Дирекцијата за заштита и спасување на Република Словенија на својата веб-страница.
Пчеларите требаше да ги донесат кошниците во сабота, а вчера имаа намера да ги постават и правилно да ги сортираат. Според информациите, дел од кошницата пропаднала, а пчелите ги нападнале и двајцата.
Помладиот побегнал во шумата пред пчелите, додека постариот се повлекол кон автомобилот. Според некои информации, тој имал намера да ги смири пчелите со дим од цигара, но кога помладиот се вратил од шумата, наводно го нашол во тешка состојба на земја, пишува „Дневник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.
Регион
70-годишен маж почина во Хрватска: бил силуван и претепан од 36-годишник

Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож.
И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден отишол да го пријави злосторството во полиција, и повторно бил однесенво болница. Сепак, тој бил отпуштен по втор пат бидејќи лекарите процениле дека нема потреба да го задржат.
Семејството е огорчено од начинот на кој болницата постапила во случајот, истакнувајќи дека човекот бил во сериозна состојба и двапати бил отпуштен дома и покрај сериозните повреди на главата.
На крајот бил хоспитализиран во болница, каде што ги поминал последните денови од својот живот, пишуваат тамошните медиуми.
Напаѓачот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата, бил уапсен кратко време по инцидентот. Тој е обвинет за силување и грабеж.
Канцеларијата на државниот обвинител на округот Вараждин, исто така, се огласи за случајот. Портпаролот Дарко Галиќ потврди дека истрагата е сè уште во тек.
„Со оглед на смртта на жртвата, ова повеќе не е кривично дело обид за убиство, туку убиство. Обвинетиот е во притвор. Истрагата ќе ги опфати потребните вештачења и други доказни дејствија, врз основа на кои ќе се донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, рече Галиќ.
Регион
Српски политичар објави фотографија: „Вучиќ седи во задниот ред кај шефот Путин“

Никола Сандуловиќ, претседателот на српската Републиканска партија, на Фејсбук сподели фотографија од вчерашниот прием на светските лидери во Москва, на која се гледа каде бил поставен српскиот претседател Александар Вучиќ во однос на другите светски лидери.
„Еве колку вреди српскиот диктатор Александар Вучиќ во вистинската меѓународна политика… тој седи во задниот ред кај својот шеф Путин, како и на сите други важни меѓународни состаноци каде што се собираат претседателите на земјите.
Само во Србија тој може, преку лаги, измислици и сопствени мистификации, да се претстави како значајна политичка фигура на меѓународната сцена… инаку, на овие собири секогаш може да се види што мислат за него и како се однесуваат кон него“, напиша Сандуловиќ.
Вучиќ пристигна во Москва за да присуствува на големата воена парада на Црвениот плоштад по повод 80-годишнината од победата над фашизмот.