Забава
Кевин Спејси неделава треба да се појави пред британски суд

Актерот Кевин Спејси е обвинет за сексуален напад и треба да се појави на суд в четврток, соопшти британската полиција во понеделникот.
Тој треба да дојде во Вестминстерскиот суд в четврток во 10:00 часот.
Минатиот месец обвинителите дадоа зелено светло за покренување обвинение за 62-годишниот Спејси по четири точки од обвинението за сексуален напад врз три машки лица и уште една точка за поттикнување на друго лице да изврши пенетративен сексуален чин без согласност.
Полицијата соопшти дека наводните напади се случиле во периодот од март 2005 до април 2013 година, четири во Лондон и еден во Глостершир. Овие напади биле извршени врз машко лице кое сега има четириесет години и други две машки лица кои сега се во триесеттите.
Лондонската метрополитен полиција претходно потврди дека Спејси е обвинет по пет точки одобрени од државното обвинителство по неговото апсење.
Спејси изјави дека е подготвен да се брани пред судот во Велика Британија и дека ќе докаже дека е невин.
„Судскиот процес ќе ја докаже мојата невиност“, изјави оскаровецот.
Спејси некогаш беше една од најголемите американски филмски ѕвезди, но пред пет години се повлече од очите на јавноста откако беше обвинет за сексуален напад.
По обелоденување на наводите, Спејси беше исфрлен од ТВ-серијата „Куќа од карти“ и од филмот „Сите пари на светот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Најубавата жена на светот ја носи омилената боја на сезоната

Бела Хадид неодамна беше фотографирана во Западен Холивуд, а странските медиумски фотографи имаа што да видат.
Една од најбараните модели на денешницата, која често ги покажува своите голи гради, одлучи да носи малку похрабра комбинација за дневната пригода.
Bella Hadid wearing Revolve out in West Hollywood. pic.twitter.com/lvldmWcYWN
— SHARE YOUR STYLE (@ShareY0urStyle) August 18, 2025
Таа избра мини фустан во најпопуларната боја на оваа сезона – пастелно жолта, и може да се каже дека ова парче облека совршено ја истакна нејзината витка фигура.
Треба да се спомене и дека кројот на фустанот многу потсетува на оној од 2000-тите, и затоа можеме со сигурност да заклучиме дека златнокосата убавица го прифатила и трендот „ајде да ја вратиме модата од 2000-тите“.
Bella Hadid leaving 1 Hotel in West Hollywood today. pic.twitter.com/6FTqVYQsGL
— Bella Hadid Midias (@BHAmidias) August 17, 2025
Својот стајлинг го надополни со едноставна шминка во природни тонови, дискретни додатоци и брановидна фризура. Покрај тоа, бојата на фустанот совршено се совпаѓаше со нејзиниот исончан тен и бојата на косата.
фото: принтскрин
Забава
Тоникот од камилица ќе направи чуда за вашата кожа

Во светот на негата на кожата, сè повеќе внимание се посветува на природните раствори кои не содржат агресивни хемикалии и не ја оптоваруваат кожата.
Меѓу растенијата што се користат со векови за здравје и убавина, камилицата се издвојува особено, нежна, но моќна, идеална за сите типови кожа, особено за чувствителните.
Нејзиното смирувачко дејство е познато уште од древните цивилизации што ја користеле во ритуали за убавина и медицина, а денес зазема посебно место и во современите рутини.
Во форма на тоник, камилицата обезбедува едноставно, прифатливо и ефикасно решение за црвенило, иритација и замор на кожата, додека нејзиниот природен мирис дополнително потсетува на чистота и свежина.
Зошто камилица?
Камилицата е богата со флавоноиди и есенцијални масла кои помагаат во намалувањето на воспалението, црвенилото и иритацијата на кожата.
Нејзините антиинфламаторни и регенеративни својства ја прават една од најчесто користените билки во природната козметика.
Особено е погодна за летните денови кога на кожата ѝ е потребно освежување и хидратација без тешки слоеви на производи. Покрај тоа, камилицата обезбедува и благ ефект на ароматерапија – нејзиниот мирис опушта, го намалува стресот и ја прави рутината за убавина посебен момент на релаксација.
Како да подготвите тоник
Подготовката на тоник од камилица не бара посебни вештини, туку само малку трпение. Треба да ставите кесичка чај од камилица или лажица сушени цветови во чаша топла дестилирана вода и да ја оставите да отстои околу десет минути.
Потоа процедете и оставете ја течноста целосно да се олади пред да ја истурите во чисто шише со распрскувач. Овој тоник, едноставен и природен, не содржи дополнителни хемикалии, па затоа е нежен за кожата, а во исто време многу практичен за секојдневна употреба.
Како да користите тоник во вашата рутина?
Тоникот од камилица најдобро се користи по чистење на лицето – нанесете го со памукче или испрскајте директно на кожата, а потоа оставете го да се исуши природно. Неговата предност е што ја подготвува вашата кожа подобро да апсорбира серум, крем или масло, што ја прави целата ваша рутина поефикасна.
Може да се користи повеќе пати во текот на денот, особено во лето, бидејќи веднаш враќа чувство на свежина и хидратација. Освен за лицето, тоникот е одличен и за телото, особено по сончање или депилација, бидејќи ја смирува кожата и ја забрзува регенерацијата.
Токму поради повеќекратната употреба, тоникот од камилица е неопходен сојузник во природната нега на кожата.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Целосно гола и без шминка, таа проговори за жешки детали од спалната соба

Германската убавица гордо позираше гола за насловната страница на списанието „Paris Match“, а фотографијата ја објави на социјалните мрежи.
Моделот Хајди Клум, која неколку пати докажа дека нема проблем да се разголи, конечно ја постигна својата цел.
Таа позираше гола за насловната страница на гореспоменатото списание и со тоа им го помати умот на многу луѓе.
Сосема гола и без шминка, таа зборуваше за својата професионална кариера како модел, но и за жешките детали од спалната соба што ја дели со својот сопруг Том.
Не е тајна дека поранешната топ-моделка сака да се фали со вештините на својот маж. Хајди еднаш откри дека Том е во полна сила.
„Мојот сопруг може да издржи долго. Пробав многу различни „колбаси“ во мојот живот, но завршив со германски. Германски колбаси, што да кажам“, рекла таа тогаш.
Се чини дека ситуацијата не се променила, бидејќи таа сè уште има добар (сексуален) живот со својот сопруг.
„Веќе немам болки во грбот и колената, а го имам и мојот сопруг“, рече таа низ смеа и повтори дека конечно ја пронашла љубовта на својот живот.
фото: принтскрин