Македонија
Бугарските пратеници ќе одлучуваат за предлозите за Македонија што отстапуваат од Рамковната позиција
Бугарскиот премиер Кирил Петков најави дека ќе му предложи на Министерскиот совет да донесе одлука во врска со Македонија, а секој предлог за решавање на спорот ќе биде испратен во бугарското Собрание и за него ќе расправаат пратениците.
Новинската агенција БНЕС која вчера објави дека намерата на Петков е да го заобиколи бугарското Министерство за надворешни работи за да го тргне ветото, го објави предлогот на Петков:
Точка 1: Секој предлог од страна на француското претседателство со Европската Унија од земја членка или Европската комисија поврзан со одобрување на почеток на преговори за членство во ЕУ на Pепублика Cеверна Mакедонија и Албанија, изготвен во подготовка за или за време на состанокот на Комитетот на постојаните претставници или Советот за општи работи, кој отстапува од Рамковната позиција на Советот на министри од 2019 година, веднаш да бидат испратени од Постојаното претставништво на Република Бугарија во ЕУ до Комисијата за надворешна политика на Национално собрание.
Точка 2: Претставниците на Република Бугарија во Комитетот на постојаните претставници и во Советот за општи работи да не се согласат со предлогот од точка 1 до расправа во Народното собрание, а во случај на нивно отфрлање од Народното собрание да изразат негативна позиција за нив.
Како што вели Петков, со други зборови, предложил по читањето на предлогот за кој денеска ќе гласа Советот на министри, „да биде јасно – секој предлог што се разликува од рамковната позиција треба веднаш да се испрати до Народното собрание и да не се даде согласност додека се расправа во Народно собрание и доколку има негативна одлука – автоматски да се даде негативен одговор“.
„На овој начин избегнуваме секакви шпекулации дека оваа влада ќе направи што било во врска со прашањето за Република Северна Македонија и ова прашање треба целосно да го решат народните претставници во Собранието. Ова е одлука на Министерскиот совет“, рече Петков, пренесе БГНЕС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

