Македонија
Регистрирани нови 75 случаи на Ковид-19 и две починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 937 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 11 реинфекции. Регистрирани сe 60 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 2.068.585 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.748, бројот на оздравени пациенти е 303.065, на починати е 9.318, а бројот на активни случаи изнесува 365.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 147487, Активни 257
Куманово 16685, Активни 7
Битола 15730, Активни 31
Прилеп 14224, Активни 6
Тетово 13489, Активни 7
Кавадарци 10700, Активни 8
Велес 9802, Активни 2
Гостивар 9616, Активни 3
Охрид 8944, Активни 8
Штип 8085, Активни 8
Струмица 8080, Активни 5
Кичево 5654, Активни 2
Кочани 5103, Активни 6
Струга 4730, Активни 2
Гевгелија 4425, Активни 1
Неготино 3700, Активни 2
Ресен 2751, Активни 0
Свети Николе 2637, Активни 1
Радовиш 2531, Активни 0
Крива Паланка 2419, Активни 1
Делчево 1986, Активни 0
Берово 1693, Активни 1
Дебар 1681, Активни 3
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1395, Активни 1
Пробиштип 1268, Активни 1
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 966, Активни 0
Крушево 930, Активни 0
Демир Хисар 836, Активни 0
Македонски Брод 741, Активни 2
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.