Македонија
(Видео) Мишел: Ги поддржуваме сите напори да се најде решение за прашањето со Бугарија
Војната во Украина отвори ново поглавје во европската историја и го стави проширувањето на ЕУ во преден план, изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Охрид.
Според него почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија треба да се случи што е можно поскоро.
„Ги поддржуваме сите напори да се најде заедничко прифатливо решение за отвореното билатерално прашање со Бугарија. Јас сум навистина вклучен со Франција и ЕУ да помогнеме да се придвижи овој процес нанапред и убеден сум дека ќе имаме позитивен развој многу брзо“, рече Мишел на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски.
Вели дека не е сигурен што ќе се случи состанокот на Европскиот совет, но ќе направат сè со цел да бидат преземени одлучувачки чекори.
Во врска со предлогот за создавање на „европската политичка заедница“, Мишел појасни дека не станува збор за алтернатива за проширувањето за земјите членки туку за процес што ќе овозможи продлабочување на соработката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
(Видео) Стефковски со повик до скопјани: Да се бориме за подобро Скопје
По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Градот Скопје, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи објави видео обраќање до скопјани во кое ги повика заедно да се борат за подобро Скопје.
„Како градоначалник на една од најголемите скопски општини ве повикувам заедно да се бориме за подобро Скопје. Ако пред 80 години нашите предци воделе борба против окупаторот, нашата генерација води борба против неспособноста на актуелното раководство на градот. Скопје тогаш се ослободи, Ве уверувам дека и ние ќе успееме“, вели во обраќањето Стефковски.
На почетокот од видео обраќањето Стефковски се осврна и на актуелните проблеми со кои се соочуваат скопјани од аспект на комуналната хигиена и нередовниот автобуски превоз на ЈСП за што порача:
„Скопјани не го залужуваат ова! Ова не е вистинскиот лик на нашето Скопје!“, истакна Стефковски.
На крајот од обраќањето, градоначалникот Стефковски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Градот Скопје.
Македонија
„ЕУ мора да биде јасна за проширувањето“: средба на претседателката Сиљановска Давкова со чешкиот премиер Петр Фиала
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со премиерот на Чешката Република, Петр Фиала.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беше евроинтегративниот процес.
Претседателката Сиљановска Давкова ја изрази решеноста од македонска страна за натамошен развој и зајакнување на силното партнерство со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално политичко ниво, така и во доменот на економската соработка.
Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за принципиелната и доследна чешка поддршка за македонската евроинтеграција оценувајќи ја Чешка како важен партнер и силен поддржувач на процесот на проширувањето на ЕУ.
На средбата, претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан, не оставајќи простор за нејаснотии.
Македонија
Сиљановска Давкова – Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан.
Во разговорот кој траеше еден час и се одвиваше во конструктивна атмосфера се разговараше за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.
Двајцата соговорници ги изложија своите позиции во поглед на можните решенија за предизвиците на македонските евроинтеграции.
Претседателката ја подвлече важноста од продолжување на билатералниот политички дијалог на сите нивоа и притоа посочи дека треба да се почитуваат позициите и интересите на обете страни и дека решавањето на билатералните спорови треба да е во рамките на основните вредности и принципи на Европската Унија.
Таа нагласи дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување, поддршка и активна соработка што ќе придонесе за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа.
Бугарскиот претседател Радев укажа на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање.
Во разговорот двајцата соговорници се согласија за организирање на официјални посети на кои ќе се конкретизираат заложбите за подобра севкупна соработка меѓу двете држави.