Свет
Киев: Изгубивме околу половина од нашата воена опрема
Вооружените сили на Украина објавија дека загубиле околу половина од својата воена опрема за време на борбите.
Заменикот-министер за одбрана Володимир Карпенко појасни дека станува збор само за тешкото вооружување.
„Денеска имаме околу 30-40 отсто, а понекогаш и до 50 отсто од загубата на опрема како резултат на активни битки. Значи изгубивме околу 50 отсто“, беше цитиран Карпенко од украинското издание Лига.
Како што информираше, Украинците трпат загуба од околу 1.300 пешадиски борбени возила, 400 тенкови и 700 артилериски системи, додека испораките на оружје од западните земји покриваат до 15 отсто од потребите на Украина.
„Ни треба артилерија, потребна ни е артилериска муниција, борбени возила за пешадија, борбени возила, тенкови. Навистина ни требаат системи за противвоздушна одбрана и ракетни гранати“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Дубаи постави нов рекорд: Пентхаус продаден за 127 милиони евра
Дубаи постави нов рекорд на пазарот на недвижности со продажба на најскапиот пентхаус на Блискиот Исток, вреден 550 милиони дирхами (околу 127 милиони евра). Луксузниот пентхаус се наоѓа во комплексот Bugatti Residences во деловната зона Business Bay, објави Анадолу.
Со оваа трансакција е постигната и највисока цена по квадратен метар досега во тој дел од градот – околу 27.000 евра по квадрат, што дополнително ја зацврстува позицијата на Дубаи како глобален центар за ултралуксузни недвижности.
Пентхаусот се простира на 4.385 квадратни метри и е дел од првиот станбен комплекс во светот под брендот Bugatti. Проектот веќе привлече и познати личности, меѓу кои Нејмар, Андреа Бочели и Ајмерик Лапорт.
Компанијата Binghatti, инвеститор на проектот, соопшти дека оваа продажба ја потврдува водечката улога на Дубаи на светскиот пазар на луксузни недвижности и интересот на глобалната елита за ексклузивни резиденции во градот.
Свет
Германија испраќа војници на истокот на Европа
Германија ќе распореди војници од Бундесверот за да ѝ помогне на Полска во обезбедувањето на нејзината источна граница со Белорусија и руската енклава Калининград, објави Дојче Веле.
Како што соопшти германското Министерство за одбрана, станува збор за неколку десетици војници кои ќе учествуваат во полската операција „Источен штит“. Нивната задача ќе биде од исклучиво одбранбен карактер и ќе вклучува инженерски активности како копање ровови и поставување бодликава жица и противтенковски пречки. Распоредувањето треба да започне во април 2026 година, а мисијата е планирана да трае до крајот на 2027 година.
Од Министерството појаснија дека за оваа мисија не е потребно одобрување од германскиот парламент, бидејќи според законот не се смета за вооружена странска операција.
Фото: depositphotos
Свет
Лукашенко помилува 123 затвореници во замена за укинување на американските санкции
Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 123 затвореници како дел од договор со САД за укинување на американските санкции поврзани со увозот на белоруски калиумови ѓубрива, познати како поташа, јавија меѓународните медиуми.
Според информациите, ослободените лица се од различни националности и биле осудени по обвиненија кои вклучуваат шпионажа, тероризам и екстремизам.
Меѓу помилуваните е и Алеш Бјалијатски, основач на белоруската организација за човекови права „Вијасна“ и добитник на Нобеловата награда за мир за 2022 година, како и две истакнати опозициски фигури – Марија Колесникова и Виктор Бабарико, потврди американската амбасада во Вилнус.
Договорот бил постигнат по дводневни преговори меѓу Лукашенко и Џон Кол, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс.
Меѓу ослободените има и петмина украински државјани, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој му се заблагодари на Вашингтон за посредувањето.
„Началникот на военото разузнавање Кирил Буданов презентираше детали за подготовката на специјална мисија за ослободување на нашите граѓани притворени во Белорусија. Благодарение на активната улога на САД и соработката на разузнавачките служби, околу сто лица, меѓу кои и петмина Украинци, сега се слободни“, напиша Зеленски на Телеграм.
Поташата е еден од најважните извозни производи на Белорусија и клучна суровина за производство на минерални ѓубрива, а санкциите кон овој сектор беа воведени од САД поради состојбата со човековите права во земјата.
Фото: depositphotos

