Македонија
Ковачевски на координација со коалициските партнери
Премиерот Димитар Ковачевски денес во 13 часот ќе оствари средба со коалициските партнери од Владата, на која ќе се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година заедно со претседателските.
Целта на средбата, како што објасни Ковачевски во петокот, е да се направи рекапитуалција на се’ што било направено во однос на справувањето со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата Влада.
„Ќе информираме за мерките кои ќе бидат преземени, а се вцртани во ребалансот, ќе направиме и осврт и на енергетската криза, кризата со растечките цени на светските берзи во однос на храната, на енергенсите суровините предизвикани од нападот на Русија врз Украина“, рече Ковачевски.
Коалициските партнери ќе се осврнат и на политиките во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Македонија и усогласување со системот на ЕУ.
Средбата доаѓа еден ден по протестот на македонската опозиција на кој повторно беше побарано одржување на предвремени парламентарни избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

