Црна хроника
„Плати ги автомобилските делови, па ќе ти ги вратам парите“ – измамник оштетил двајца скопјани за суми од 15 и 16 илјади денари
Давјца скопјани во полицијата пријавиле слична измама, пришто едниот бил оштетен за 15, а вториот за 16 илјади денари.
Првиот случај во МВР бил пријавен од страна на 37-годишен жител на скопско село.
Според пријавеното, непознатото лице му се јавило претходно и се претставило дека е од Тетово и побарало од него да се најдат да договорат транспорт на вештачка трева. Подоцна, како што е пријавено, лицето повторно му се јавило и побарало од него после наплатната станица Глумово од едно лице да земе и да плати автомобилски делови, а кога ќе пристигне во Тетово ќе му ги врати парите, информираат од МВР.
Измамникот не се појавил на договореното место во Тетово, по што скопјанецот сфатил дека е измамен.
Во вториот случај, на сличен начин измамен бил 44-годишен скопјанец за сума од 16.000 денари.
Според пријавеното, околу 09.45 лицето му се јавило и се претставило дека е од Тетово и се договориле да му изврши транспорт на разни материјали до Бугарија за одредена сума на пари. Како што е пријавено, подоцна лицето повторно му се јавило и побарало после наплатната станица Глумово од едно лице да земе и плати автомобилски дел, а кога ќе пристигне во Тетово ќе му ги врател парите. Исто така, според пријавеното, откако го зел делот неколку пати се обидел телефонски да го добие лицето, но тој не се јавувал, по што сфатил дека е измамен.
Од МВР велат дека ее преземаат мерки за расчистување и на двата случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

