Македонија
Мицкоски најави протести и целосна блокада на институции ако нема договор за избори до крајoт на летото
Доколку нема договор за избори ова лето ќе преминеме во фаза на целосна блокада. Таа целосна блокада ќе биде во Парламентот, но и блокада на институциите, блокада на патишта, протести низ градовите. Блокада на процедурите и системот во распаѓање. На тој начин нема да легитимираме систем кој е диво месо и затруен од криминал и неспособност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски од протестот вечерва пред Владата.
Предупреди дека следи најтешката зима, а со оваа Влада ќе биде вистинско економско цунами за народот.
,,Ова лето ќе биде протестно лето во чиј фокус ќе биде Македонија на прво место. Тоа подразбира дека тимови на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги посетат сите градови и села. Пратениците, Извршниот и Централниот комитет, заедно со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе работат на општа мобилизација и изразување на незадоволство од политиките и лошата перспектива и економска состојба. Ќе се обратиме до земјоделците, докторите, работниците, професорите, службениците, невработените, стопанствениците, до целиот народ и ќе побараме да ни се придружат“, најави Мицкоски.
Повика на општестевна поддршка за, како што рече, целосен триумф врз мафијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин
Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.
Собраќајот е во прекин.
Македонија
„10 спрема 1 по освоени општини во првиот круг е соодносот на ВМРО-ДПМНЕ со СДС, граѓаните избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Локалните избори беа одраз за тоа дека доколку работиш чесно, транспарентно и посветено, народот ќе го цени тоа и ќе те награди. ВМРО-ДПМНЕ го преслика успехот од парламентарните избори минатата година во процентуална вредност, а споредбено со минатите локални, имаме и раст во бројот на гласови, советнички места и градоначалници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советници низ државата и градот Скопје, додека СДС освои околу 230 советници. ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласови повеќе од минатите избори, додека СДС изгуби 111.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ доби 11 повеќе градоначалници во првиот круг, а СДС изгуби 6. Соодносот на ВМРО-ДПМНЕ и СДС по првиот круг е 10 спрема 1. Граѓаните направија вистински избор, избраа работа и дела, наместо криминал и неспособност.
Во вториот круг на 2 ноември, ВМРО-ДПМНЕ е асполутен фаворит во сите 26 општини. Затоа, ги повикуваме граѓаните, во вториот круг да го дадат својот глас на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и масовно да го заокружат бројот 9.
Да ја запечатиме победата и да го направиме вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Полог и Кочанска, општина Кисела Вода;
– од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од населените места и објектите од село Алдинци кон Солунска Глава, општина Студеничани;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонско Косовска Бригада, општина Шуто Оризари;
– од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од објектите во околината на зграда бр. 17 на бул. Партизански Одреди, општина Центар;
– од 09:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 6 во село Бардовци, општина Карпош.

