Црна хроника
Повредени мотоциклисти во Тетово и Куманово
Министерството за внатрешни работи информира дека вчера, околу 19.25 часот, било пријавено дека на булеварот Трета македонска ударна бригада, во близина на „Митев мост“, Ј. С. (24) од с. Младо Нагоричане, управувајќи мотоцикл „јамаха“, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Од полицијата велат дека во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот Н. Ѓ. (24) од Куманово, а мотоциклистот добил телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово.
Неколку часа подоцна, во 21.30 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на улицата Киро Ристевски-Дрнц во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од З. И. (46) од Тетово, и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од А. Б. (28) од Тетово.
Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница во Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Деца ограбиле деца со нож во Скопје, МВР ги фати
Полицијата вчера приведе четворица малолетници од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари.
Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае.
Во несреќата учествуваа две возила, од кои едното е преполовено од силата на ударот.
Според информациите од МВР, со возилата управувале 32-годишна скопјанка и 27-годишник, и двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Додека другиот возач и неговиот сопатник се здобиле со телесни повреди.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.